СОРАЈА БРУТАЛНО ПРЕТЕПАНА: Инфлуенсерката нападната од двајца вооружени мажи – ОВА СЕ ЈЕЗИВИТЕ ДЕТАЛИ!
СОРАЈА БРУТАЛНО ПРЕТЕПАНА: Инфлуенсерката нападната од двајца вооружени мажи – ОВА СЕ ЈЕЗИВИТЕ ДЕТАЛИ!
Сораја брутално претепана!
Француската јавност, но и бројни корисници на социјалните мрежи ширум светот, се згрозени од бруталниот напад кој го претрпе познатата триесетгодишна инфлуенсерка Сораја Рифи.
Фото: Instagram принтсcреен/сораyа.риффy
Оваа млада жена, која на Инстаграм има над еден милион следбеници, била нападната во петокот вечерта, на 4 јули, во својот стан во Марсеј од страна на двајца вооружени мажи.
Според информациите на телевизијата БФМТВ, станува збор за грабеж кој преминал во повеќечасовна тортура со невидена суровост. Сораја за време на нападот била врзана, физички малтретирана и ѝ било заканувано со смрт. Откако успеала да се ослободи и да повика помош, била хоспитализирана, а случајот веднаш пријавен во полиција.
СОРАЈА БРУТАЛНО ПРЕТЕПАНА!
– Ја полевале со белило. Мислела дека ќе ѝ ги извадат органите и ќе ја запалат – изјави нејзиниот адвокат во шокантна исповед за БФМТВ на 6 јули (недела), нагласувајќи дека станува збор за напад „со невиден степен на насилство“.
Напаѓачите, според наводите од истрагата, влегле во станот со јасна намера. Добро знаеле кого напаѓаат. Адвокатот на Сораја откри и дополнителни морничави детали:
– Ја удирале со скалпел и со пиштол, а потоа ја врзале со леплива лента. ѝ рекле: „Дај ги парите или ќе те докрајчиме – знаеме која си.“
Виеw тхис пост он Instagram
Според изјавите од истрагата, нејзиниот кошмар траел речиси два часа. За тој период таа не само што претрпела физичко и психичко насилство, туку – како што самата изјавила пред полицијата – била жртва и на сексуално насилство.
– Се разбудила со болки во пределот на интимните делови од телото. Со траги што, за жал, оставаат многу мал простор за сомнеж – изјави адвокатот.
Додаде дека ќе биде направена медицинско-правна експертиза во понеделник, што би можело дополнително да ги потврди сомнежите за силување.
„Нејзиниот кошмар траел речиси два часа“
Сораја, според извори блиски до истрагата, ја изгубила свеста поради физичките повреди и шокот, а се освестила токму поради силниот мирис на белило со кое ја полевале напаѓачите. И покрај трауматичната состојба во која се наоѓала, успеала да се ослободи и да повика брза помош – потег со кој веројатно си го спасила животот.
Француската полиција отвори истрага за грабеж со употреба на сила, а се очекуваат резултатите од медицинските анализи и понатамошни изјави од жртвата. Нејзините адвокати најавуваат дека ќе бараат најстроги казни за сторителите.
Во меѓувреме, јавноста е во шок. Корисниците на социјалните мрежи масовно искажуваат поддршка за инфлуенсерката и бараат брза и ефикасна реакција од правосудството. Ова монструозно насилство, велат многумина, мора да стане аларм за поголема заштита на жените и построги мерки против нападите врз јавни личности и индивидуалци во нивните домови.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.