СОПСТВЕНИКОТ НА „РУБИКОН“ ВО ПРИТВОР – ОБЕЗБЕДУВАЛ БЕЗ ДОГОВОР?!
СОПСТВЕНИКОТ НА „РУБИКОН“ ВО ПРИТВОР – ОБЕЗБЕДУВАЛ БЕЗ ДОГОВОР?!
Александар Нацев, сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, доби 30-дневен притвор од Судот во Кочани. Агенцијата обезбедувала настан во дискотеката „Пулс“ – каде се случи трагедијата – без потпишан договор.
Нацев е осомничен за „тешки дела против општата сигурност“, а притворот е определен поради ризик од бегство, влијание врз сведоци и уништување на докази. Тој тврди дека е наместен, но јавноста бара одговорност.
Нацев е поранешен директор на Дирекцијата за класифицирани информации и член на ВМРО-ДПМНЕ. Дел од јавноста и родителите бараат оставка од Владата на Мицкоски, додека партијата ГРОМ повикува на нов мандатар и обештетување од 500.000 евра за семејствата на загинатите.
Истражителите најавуваат нови обвиненија, а се чека разврска и за улогата на полицијата присутна вечерта во дискотеката.
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!