СОПСТВЕНИКОТ НА „РУБИКОН“ ВО ПРИТВОР 30 ДЕНА ПОРАДИ ИСТРАГАТА ЗА ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС!“
СОПСТВЕНИКОТ НА „РУБИКОН“ ВО ПРИТВОР 30 ДЕНА ПОРАДИ ИСТРАГАТА ЗА ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС!“
Основниот суд во Кочани му одреди мерка притвор од 30 дена на Александар Нацев, сопственикот на приватната агенција за обезбедување „Рубикон“.
Фото: Фаcебоок/Александар Наcев
Обвинителството во Кочани ја прошири истрагата во врска со трагичниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“, која во моментот на несреќата била обезбедувана од агенцијата „Рубикон“. Со проширување на истрагата, Нацев е осомничен за извршување на „тешки дела против општата сигурност“.
СОПСТВЕНИКОТ НА „РУБИКОН“ ВО ПРИТВОР 30 ДЕНА ПОРАДИ ИСТРАГАТА ЗА ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС!“
Обвинителството смета дека тој го раководел деловниот потфат и целокупното работење на агенцијата, заедно со претходно осомничениот управител и овластеното лице на подружницата во Кочани.
Според надлежните, „Рубикон“ воопшто немал склучено формален договор за обезбедување на дискотеката во која настанала трагедијата.
Александар Нацев е универзитетски професор и поранешен директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, функција што ја извршуваше пред околу десет години.
АЛКАТРАЗ СЕ ВРАЌА? ТРАМП ГО РЕАКТИВИРА НАЈСТАШНИОТ ЗАТВОР ВО ИСТОРИЈАТА!
Во неочекуван пресврт кој го шокира јавноста, Доналд Трамп, повторно во трка за Белата куќа, најави дека ќе ја врати во функција нај бруталната казнена институција во американската историја – Алкатраз. Според изјавите дадени на неговата платформа Трутх Соcиал, овој потег е дел од поголема стратегија за „враќање на редот, законот и контролата врз најопасните криминалци“.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.