СОФИЈА ВЕРГАРА ГО „УЛОВИ“ ПРЕЗГОДНИОТ СПОРТИСТ! Фатени заедно на луксузна јахта – многу жени ќе ѝ ПОЗАВИДАТ! (ФОТО)
СОФИЈА ВЕРГАРА ГО „УЛОВИ“ ПРЕЗГОДНИОТ СПОРТИСТ! Фатени заедно на луксузна јахта – многу жени ќе ѝ ПОЗАВИДАТ! (ФОТО)
Иако се повлече од американскиот фудбал, Том Брејди ниту ова лето не се симнува од насловните страници. Овој пат, причината не се спортските успеси, туку гласините за наводна романса со актерката Софија Вергара.
Фото/Instagram/Принтскрин/@софиавергара
Нив двајцата биле забележани заедно на луксузна јахта во Италија, а потоа и на Ибица – што било доволно за да започнат шпекулациите дека се повеќе од обични пријатели.
Според пишувањето на странските медиуми, Брејди и Вергара летувале во друштво на познати имиња како Кендал Џенер и Наоми Кембел. За време на една гала вечера на бродот, Брејди наводно побарал да го смени местото за да седи поблиску до Софија – што дополнително ги разгорело приказните.
ИВОНА ЈО ГО СЛАВИ 29-ТИОТ РОДЕНДЕН! НА ФАНОВИТЕ ИМ ПОДАРУВА НОВА ПЕСНА – „МОЛИТВА!“ (ВИДЕО)
Иако биле видени и на Ибица по крстарењето, извори блиски до познатото дуо тврдат дека меѓу нив нема ништо сериозно.
Таблоидите како ТМЗ и Елле пренесуваат дека сè е „многу опуштено“ и дека всушност се работи само за двајца слободни луѓе кои се нашле на истите летни дестинации во друштво на заеднички пријатели.
Софија, која овој јули го прослави својот 53. роденден на Сардинија, објави фотографии во бел бикини, опкружена со раскошно цвеќе. Иако Брејди не се појавил на нејзината прослава, обожавателите веднаш се запрашаа – дали токму тој го испратил цвеќето?
БРЕЈДИ Е ЕДЕН ОД НАЈПОСАКУВАНИТЕ МАЖИ ДЕНЕС
Да потсетиме, Вергара неодамна се разведе од актерот Џо Манганиело, додека Брејди од 2022 година е слободен, по разводот од Жизел Бундшен.
Има ли оган без дим?
Познатиот спортски новинар и коментатор Бил Симонс ја допре оваа тема во својот подкаст. Додека зборуваше за претстојната сезона на Лас Вегас Рејдерс, во кои Брејди сега има сопственички удел, во полу-шеговит тон рече:
„Немам ништо против тој пар. Ми делуваат како многу шармантна комбинација.“
Иако неговата изјава беше речена во минување, таа ја одразува мислата на многумина – дека ова би можела да биде интересна и слатка летна романса.
Без разлика дали станува збор за обично пријателство или за нешто повеќе, едно е сигурно – Том Брејди останува во фокусот на јавноста, било да држи топка во рацете или да поминува време со една од најомилените холивудски ѕвезди.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.