Софија конечно проговори: Милица не е главната причина за раскинувањето со Терза – вистината која ја криела со месеци!
Софија конечно проговори: Милица не е главната причина за раскинувањето со Терза – вистината која ја криела со месеци!
По месеци молк и шпекулации, Софија Јаниќиевиќ конечно откри детали за прекинот со Терза, кој беше еден од најкоментираните парови во ријалитиот. Иако многумина веруваа дека појавата на Милица и нејзината бременост се пресудни, Софија тврди дека вистинската причина лежи многу подлабоко.
фото:принтскирн/јутуб/задруга
За време на емисијата, учесниците добија прашање:
„Кога ќе сфатите дека единствената, вистинската и искрена љубов беше помеѓу Софија и Терза?“
Миќа веднаш реагираше, коментирајќи:
– Делата што ги направија зборуваат сами за себе. Ако веќе изневериш некого, таа нова личност мора да вреди повеќе. Сами ќе сфатат зошто потклекнаа. Сметам дека тоа не е нивниот крај.
Софија, пак, реши отворено да го искаже својот став:
– Сè уште ми е нејасно што се случи. Од првиот ден стојам на истото. Кога немаат оправдување, ме користат како изговор. Сами си ги уништија животите и се излагаа на срам. Ако тоа го правеле од љубов, ќе опстанеа. Стравот ги победи. А Милица? Таа си ја најде
својата љубов, а приказната за родителството исчезна. Сите знаат кој е татко – вели таа, додавајќи дека Терза се плашел од осуда и дека комплексите му ја уништиле врската.
фото:принтскирн/јутуб/задруга
Муња ја поддржа, тврдејќи:
– Терза сè уште чувствуваше нешто кон неа. Таа не флертуваше со никого, беше искрена.
Кариќ пак смета дека Софија го оставила просторот отворен:
– Дури и кога се појави Милица со видлива бременост, Софија сè уште веруваше. Но сега, со кого и да е, тоа е неважно. Веројатно ни таа не го гледа Терза на ист начин.
Во својата најискрена изјава досега, Софија призна:
– Бев до уши вљубена. Не размислував за последиците. Верував дека ќе успееме. Тоа што се случи ме погоди, особено што до последен момент ми велеше: „Те сакам“. Но љубов не се докажува со зборови, туку со постапки. Тој не е дете, знае што направи. Не го оправдувам со страв. Сметам дека проработе комплексот што го имаше во нашата врска.
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!