„Случајот Гарначо“ се вжештува: Младиот Аргентинец сака во ЛШ, Јунајтед го блокира трансферот во Премиер лигата!
„Случајот Гарначо“ се вжештува: Младиот Аргентинец сака во ЛШ, Јунајтед го блокира трансферот во Премиер лигата!
Алехандро Гарначо е пред излезна врата од „Олд Трафорд“, но неговата иднина останува нејасна. По завршувањето на сезоната, младиот аргентински репрезентативец добил јасна порака од раководството на Манчестер Јунајтед – да си бара нов клуб.
И покрај тоа, Гарначо има конкретна желба: да остане во Премиер лигата и да настапува во Лигата на шампионите. Ова значи дека тој приоритетно би сакал да се пресели во некој од топ екипите како Ливерпул, Арсенал, Манчестер Сити, Челзи, Њукасл или Тотенхем, кој преку Лигата на Европа успеа да се пласира во најелитното европско натпреварување.
фото:спорт.мк
Но, Манчестер Јунајтед има поинаков план. „Црвените ѓаволи“ не се подготвени да ги засилат своите директни конкуренти во Премиер лигата и одбиваат да го пуштат Гарначо во некој од домашните ривали. Клубот посакува трансфер во Шпанија, Италија или Германија, поради што наводно дури и ги намалиле побарувањата за неговата продажба.
Ситуацијата дополнително се комплицира поради несогласувањата помеѓу Гарначо и тренерот Рубен Аморим. Поразот во финалето на Лигата на Европа од Тотенхем бил последната капка – наводно дошло до жесток вербален судир меѓу нив, што само ја забрза одлуката за разделба.
Гарначо е еден од петтемина фудбалери кои Јунајтед ги стави на „црната листа“.
Заедно со него, во групата на непосакувани се и Маркус Рашфорд, Џејдон Санчо, Ентони и Тирел Маласија – сите одвоени од првиот тим и оставени да тренираат индивидуално.
Од оваа група, досега само Рашфорд најде нов ангажман – тој следната сезона ќе ја помине на позајмица во Барселона.
Сè уште има време до крајот на летниот преоден рок, но сè поочигледно е дека „случајот Гарначо“ ќе биде една од најжешките теми ова лето.
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!