СЛОБОДАНКА ТАНЕВА ОД КАВАДАРЦИ БЛЕСНА НА ХАЈП ЅВЕЗДИ – ЖИРИТО БЕЗ ЗБОРОВИ! (ВИДЕО)
СЛОБОДАНКА ТАНЕВА ОД КАВАДАРЦИ БЛЕСНА НА ХАЈП ЅВЕЗДИ – ЖИРИТО БЕЗ ЗБОРОВИ! (ВИДЕО)
Македонија стана дел од „Хајп Ѕвезди“ – првото регионално музичко шоу без класични правила, сценарија или ограничувања. Во овој проект единствените предуслови се: талент, харизма и способност да се освои сцената. Аудициите се одржаа во бројни градови низ регионот, а интересот беше огромен. Илјадници надежни пејачи и уметници се пријавија со една цел – да бидат препознаени од стручниот, но и нетипичен жири составен од музички професионалци и дигитални иноватори.
Фото: ХYПЕ ТВ
ХYПЕ ЗВЕЗДЕ СКОПJЕ! ТАМАРА:„ОД МЕНЕ ОЧЕКУВАJТЕ СЕ,CЕЛАМ КОН НАJВИСОКОТО!“
Откако завршија аудициите во градовите Бања Лука, Сараево, Шабац, Тузла и Ниш на ред дојде и Македонија, која уште еднаш покажа дека изобилува со извонредни музички таленти. На сцената настапија кандидати од сите краеви на земјата – од Скопје, Кавадарци, Тетово и многу други. Жирито, во состав: Мира Шкориќ, Аца Лукас и Зоран Беочанин Сотир, не го криеше своето воодушевување – некои кандидати веќе станаа нивни фаворити.
Фото: ХYПЕ ТВ
Меѓу нив особено се издвои името на Слободанка Танева, која буквално го остави жирито без зборови. Нејзиниот настап беше проследен со громогласен аплауз и прекрасни коментари. Емоциите беа толку силни, што Слободанка, видно трогната и во неверување, едвај ги собра мислите додека зборуваше со нас по настапот. Таа активно се занимава со пеење, има свој бенд и е дипломиран оперски пејач. Нејзината појава и интерпретација недвосмислено најавуваат дека ќе биде едно од најзвучните имиња во понатамошниот тек на шоуто.
Фото: ХYПЕ ТВ
Во моментов, аудициите се одржуваат во Подгорица, а веќе на 16 мај тимот на „Хајп Ѕвезди“ пристигнува во Загреб. Финалниот круг на аудиции ќе се одржи во Белград во два дена – на 19 и 20 мај, поради огромниот интерес.
Досега на сцената настапија многу талентирани уметници, а очекуваме уште толку и повеќе! Ако и ти мислиш дека си следната „хајп ѕвезда“, пријави се НА ОВОЈ ЛИНК или на лице место во еден од договорените градови.
Фото: ХYПЕ ТВ
Наградниот фонд изнесува 100.000 евра – можеби токму ти си новата ѕвезда под естрадното небо.
Те очекуваме!
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ЦЕЛИОТ ПРИЛОГ ТУКА!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.