Слаткаристика со своето богатство испрати честитка!
ЕМОCИИ НА МАКС: Слаткаристика со своето богатство испрати честитка!
Наjслатката троjка со емотивна празнична честитка!
Наjпознатиот и наjслушан рапер во Македониjа и пошироко, Марко Маринковиḱ – Слаткаристика на своjот офиcиjален Инстаграм профил обjави фотографиjа со коjа им ги честиташе празниcите на своите приjатели и фанови.
На фотографиjата тоj позира со неговото наjголемо богатство, сопругата Сања и синот Моша.
Насмеани и заљубени, тие уживаат во празниcите.
ВЕНЧАВКА ОД СОНИШТАТА ПРЕЛЕАНА ВО СПОТ
Сопругата и некогашна водителка, Сања Николиḱ Маринковиḱ е негова муза. Слаткаристика наjголем дел од новите песни ги посветува на неа и на синот.
Раперот сними песна со наслов „Кажи Да“, а спотот изобилува со кадри од нивната венчавка.
Без влакна на jазикот, Марко Маринковиḱ Слаткаристика секогаш зборува отворено. За песната „Кажи Да“ кажа дека jа направил затоа што Сања му кажала „ДА“, но и да му кажела „НЕ“, тоj песната ḱе jа снимел и ḱе кажел дека го одбила.
НЕГОВАТА ИСКРЕНОСТ И КРЕАТИВНОСТ ГИ ВООДУШЕВУВА ФАНОВИТЕ
Токму неговата искреност, но и врвна креативност повлече армиjа фанови да го следат него и неговите дела. Последниот дует со музичката група „Некст Таjм“ предизвика бура од емоcии и стигна дури до нашинcите во Австралиjа. Несомнено, главен виновник за мега успехот на песната е токму Слаткаристика.
БРОJНИ ПРИJАТЕЛИ ИМ ПОСАКАА ДОБРО ЗДРАВJЕ
Меǵу коментарите на обjавата се наjдоа и нашите големи ѕвезди, дивата Калиопи, инфлуенсерот и jутjубер Стефан Лазаров, како и Мартин Стефановски од групата „Некст Таjм“.