Слаткаристика слави роденден, познатите му честитаат: „Братче мое, да си ми здрав и жив!“
Слаткаристика слави роденден, познатите му честитаат: „Братче мое, да си ми здрав и жив!“
Годините се само бројка, се друго се мигови!
ФОТО/ ИНСТАГРАМ слаткаристика
Слаткаристика не е само име на артист – тој е бренд, симбол на упорност, автентичност и модерна урбана култура. Од подземната сцена до главната бина, неговиот музички пат е доказ дека талентот, кога е придружен со визија и труд, може да создаде наследство што трае.
Слаткаристика слави роденден!
А, денес слави роденден- 39 години и огромен музички багаж позади себе.
На македонската музичка сцена ретко се појавува уметник кој успева не само да ја освои домашната публика, туку и да ја задржи нејзината лојалност повеќе од една деценија. Марко Маринковиќ, познат како Слаткаристика, е токму таков артист – музички визионер кој го постави темелот на модерниот македонски хип-хоп.
СЛАТКАРИСТИКА И ТОНИ ЗЕН: „НЕ СТЕ СВЕСНИ КАДЕ СЕ ИСТРАЈУВАВМЕ ЗА ДА НÈ ИМА ТОЛКУ ГОДИНИ! (ВИДЕО)
Ја започнува својата кариера на само 15 години, кога заедно со пријателот Скит Скитара ја создава групата „Единствена Опција“. Со нивниот прв албум „Рап Тврдина“, издаден во 2004 година, тие го навестуваат доаѓањето на една нова генерација музичари.
Неколку години подоцна, во 2008, Маринковиќ станува дел од колективот Токсикологија, екипаж кој обединува некои од најпрепознатливите имиња на македонската урбана сцена, како Пука Козметика, Скит, Ел Маријачи, Боро Лаказ, Кацар и други.
Но вистинскиот продор на Слаткаристика како соло изведувач се случува во 2009 година, со издавањето на албумот „Слаткаристика Будало“, под продукциската куќа „Јованов Рекордс“. Песните „Шопинг“, „ФМ“ и „Да полетам“ станаа брзи хитови и донесоа свежина на македонската сцена, поставувајќи нови стандарди за локалниот хип-хоп.
Следуваа концерти во неколку градови низ Македонија, вклучително и спектакл во скопската Метрополис Арена, кој подоцна беше документиран на ДВД. Во 2012 година Слаткаристика го издава својот втор соло албум, едноставно насловен „Новиот албум“, кој донесе нова низа успешни нумери, меѓу кои се издвојуваат „Олабави ме“, „Сара“ и „Разговор со совеста“.
Во наредните години, Слаткаристика го потврдува својот статус со низа хитови. Песните „Бумеранг“, „Тик Так“ (во соработка со Криско), „Кажи Да“ и „Терориста“ ја освојуваат не само македонската публика, туку и регионот. Нивните YоуТубе бројки достигнуваат милиони прегледи, а текстовите стануваат дел од секојдневниот јазик на младите.
Во 2019 година, соработува со продуцентската куќа Урбан Реcордс, креирајќи нови проекти и соработки како „Дијаманти“ со Два Бона и „Марадона“ со Таско. Истата година го лансира и првиот македонско-грчки музички проект, насловен „Марија“, со кој ја проширува својата публика и надвор од границите на земјата.
По повод неговиот роденден, познатите личности и неговите фанови му испратија еден тон пораки на Инстаграм, во кои му посакуваат уште добри песни, здравје и успех.
Калиопи ги сподели своите емоции:
Фото/ Инстаграм- слаткаристика
И Некс тајм му честитаа:
Фото/ Инстаграм- слаткаристика
Тука е и Иван Јовано од „Либеро Бенд“
Фото/ Инстаграм- слаткаристика
А еве и другите како му честитаа:
Фото/ Инстаграм- слаткаристика
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.