СКОПЈАНКА ПРЕЖИВЕА ХОРОР ВО КАРПОШ: Малолетници ја ограбиле на улица во раните утрински часови!
СКОПЈАНКА ПРЕЖИВЕА ХОРОР ВО КАРПОШ: Малолетници ја ограбиле на улица во раните утрински часови!
Скопје, 27 јуни 2025 – Рано утринава, скопјанка доживеала вистинска драма на подрачјето на Карпош, откако била нападната и ограбена од две малолетни лица.
фото:принтскрин/максфакс
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, вчера во 10.00 часот во СВР Скопје, В.Т. (62) од Скопје пријавила дека околу 06.00 часот наутро, на улица во Карпош, била физички нападната од двајца малолетници, кои со употреба на сила ѝ ја одзеле чантата. Во чантата се наоѓале пари, мобилен телефон, лични документи и други вредни предмети.
Од МВР информираат дека се преземаат интензивни мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.
Настанот го вознемири локалното население, кое апелира за зголемено полициско присуство и поголема безбедност на улиците, особено во раните утрински часови.
Случајот дополнително ја отвора загриженоста за се почестите инциденти во кои се инволвирани малолетници. Жителите на Карпош велат дека вакви случувања стануваат сè почести и бараат поактивна реакција од институциите. Полицијата апелира до граѓаните да бидат внимателни и веднаш да пријавуваат сомнителни лица или настани.
СКОПЈАНКА ПРЕЖИВЕА ХОРОР ВО КАРПОШ: Малолетници ја ограбиле на улица во раните утрински часови!
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!