СКАНДАЛОЗНО ОД ЈАНАКИ: ИНФЛУЕНСЕРИ = КУ*ВИ?! – АДВОКАТ КОЈ ЗАСТАПУВА ПРАВА, СО ГОВОР НА ОМРАЗА ЈА НАВРЕДИ ЦЕЛА ЕСТРАДА!
СКАНДАЛОЗНО ОД ЈАНАКИ: ИНФЛУЕНСЕРИ = КУ*ВИ?! – АДВОКАТ КОЈ ЗАСТАПУВА ПРАВА, СО ГОВОР НА ОМРАЗА ЈА НАВРЕДИ ЦЕЛА ЕСТРАДА!
Скандалозна изјава на адвокатот Јанаки Митровски дадена во интервју за една емисија, каде индиректно ги омаловажи инфлуенсерите и нивната работа, предизвика лавина бурни реакции во македонската јавност и на социјалните мрежи.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/ jанаки_м
Во видеото што се прошири преку платформата Инстаграм, Митровски користи ироничен и саркастичен тон, нарекувајќи ги инфлуенсерите ку*ви со натртени задници.
Дел од инфлуенсерите со изразен револт преку Инстаграм Сториес го обвинија Митровски за говор на омраза, сексизам и недолично однесување, особено затоа што ваквиот тон доаѓа од лице со професија што налага интегритет и почит.
„За жал, ова е реалноста во Македонија. Адвокат е човеков, А-Д-В-О-К-А-Т… Глупите курви како што ги нарекуваш, пријателе, спасија 100тици деца… Мизерен си, брука“, напиша Лазаров.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/ _лазаровв
Своја реакција имаше и познатата инфлуенсерка Миа Костова која со остар став напиша:
„Како адвокат со подкаст и постојано присуство на социјални мрежи има ли шанса да си курва што се рента за лајкчиња или адвокатската титула те амнестира од епитетите што ги нареди? Ние инфлуенсерите сме расположени да те поддржиме со по некој шер, под услов да се издепилираш.“
Фото: Принтскрин/Инстаграм/ баcкстаге_маcедониа
На ова се надоврза и Тара Симов.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/ тарасимов11
Иако Митровски сè уште нема дадено официјална реакција по бурниот интернет напад, видеото од неговото интервју (достапно тука: линк до видеото) и натаму предизвикува поделени мислења.
Овој случај повторно ја отвори дебатата за границите на слободата на говор, професионалната етика и влијанието на јавните личности врз младите генерации. Дали адвокатите треба да внимаваат како се изразуваат на јавна сцена? Или пак инфлуенсерството е навистина тема за потсмев? Одговорот останува во рацете на јавноста.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК