СКАНДАЛ ВО ТЕТОВО: ЖЕНА БАРА 100.000 ЕВРА ОТШТЕТА ПО КОВИД-БРИС СО ПРЕТХОДНО КОРИСТЕНО СТАПЧЕ!
СКАНДАЛ ВО ТЕТОВО: ЖЕНА БАРА 100.000 ЕВРА ОТШТЕТА ПО КОВИД-БРИС СО ПРЕТХОДНО КОРИСТЕНО СТАПЧЕ!
Во Тетово, жена поднесе барање за отштета во висина од 100.000 евра против Центарот за јавно здравје – поради наводна негрижа и сериозна грешка за време на коронавирус тестирањето во 2021 година.
Фото/ ХАЈП МК
Во март истата година, жената отишла на лекарска контрола и ѝ бил земен брис за ковид-19 со стапче кое, според нејзината тужба, претходно било искористено на позитивна пациентка. Само пет дена подоцна, и самата тестирана дама дала позитивен резултат. Како што наведува, оттогаш страдала од бројни здравствени последици: отежнато дишење, страв, срцебиење, психичка криза и боледување.
Со поддршка на судското вештачење за судска медицина, тужителката тврди дека добила сериозна психичка и физичка штета. Но, Основниот суд во Тетово ја отфрли тужбата – поради недостаток на убедливи докази дека ковидот ѝ бил пренесен од претходната пациентка, како и поради застареност на случајот. Одлуката го обврза тужителот да ги покрие судските трошоци во износ од 41.400 денари.
Инспекциската служба спровела надзор и потврдила пропуст од страна на вработениот, кој бил дисциплински казнет – пет месеци добивал 20 % помала плата.
Сепак, Апелациониот суд во Гостивар наскоро ја поништи пресудата и врати го предметот на повторно одлучување, одредувајќи нов правен тек за случајот што привлече огромно внимание во јавноста.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.