СКАНДАЛ ВО СТИЛ НА ТВ-НОВЕЛА! „Бајачот“ од Трубарево им зел 400.000 евра на брачен пар – ветувал спас за нивниот син од „црна магија“!
СКАНДАЛ ВО СТИЛ НА ТВ-НОВЕЛА! „Бајачот“ од Трубарево им зел 400.000 евра на брачен пар – ветувал спас за нивниот син од „црна магија“!
Како сцена од балканска сапуница со мистика, пари и измама! Во неверојатна приказна што ги шокира и јавноста и светот на познатите, таканаречен „духовен лечител“ од скопското село Трубарево успеал да им земе цели 400.000 евра на брачен пар од Берово – и тоа под изговор дека нивниот син е под дејство на црна магија!
фото:принтскрин/алсатмк
Според информациите од МВР, 54-годишниот измамник, претставувајќи се како „човек на Бога“, со години ги убедувал исплашените родители дека само преку негови „моќни ритуали“ може да го спаси животот на нивното дете. Секоја сеанса ги чинела по 5.000 до 6.000 евра – и тоа во кеш, на различни локации низ Скопје и Берово!
Како сценарио за филм со Љубиша Самарџиќ или Нетфлиx трилер со локален шмек!
Но, крајот не бил холивудски: полицијата од Штип и Берово по наредба на обвинител уапси и него и неговата 76-годишна мајка, откако кај нив биле пронајдени пари и сомнителни „магиски реквизити“.
Случајот добива сè поголемо медиумско внимание, а на социјалните мрежи веќе се појавуваат шеги и мемиња со прашањето:
„Каде бе магија, за 400.000 евра – барем да лета детето!“
Сега двајцата се соочуваат со обвинение за измама и ги очекува судење. Истражните органи продолжуваат со работа, бидејќи постои сомневање дека можеби ова не е прва жртва на „бајачот“.
БОНУС ВИДЕО:
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!