СИТИ ХАЈП! Урош Живковиќ го прослави раѓањето на синот! Милица Јокиќ призна дека има многу додворувачи по раскинувањето!
СИТИ ХАЈП
Во денешното издание на емисијата „Сити Хајп“ ќе гледате:
Фото: Hypetv
-Урош Живковиќ го прослави раѓањето на синот Лазар, и ни откри на кого наликува наследникот!
-Рубриката ’Шушкања’ и денес ви ги донесува најактуелните вести од шоубиз сцената!
-Тамара Милутиновиќ го изнесе своето мислење за купувањето следбеници на социјалните мрежи!
-Милица Јокиќ ни призна дали момците ѝ се додворуваат откако ја раскина врската со Лука Дачиќ!
-Слушаме Едита и песната „Риба и по“
-Добредојдовте во Сити Хајп!
Фото: Hypetv
Пејачот Урош Живковиќ и неговата сопруга Јована вчера станаа родители. На свет дојде нивниот син, на кого му го дадоа името Лазар.
– Мамата е супер, бебето е врвно. Херојски го изведоа тоа. Срцето ми е полно. Сега одиме да славиме. За жал, не отидов во породилиштето да ги видам, не ми дозволуваат да ги видам. Таков е протоколот. Тоа го почитуваме. Ја видов сопругата, бебето, преку видео повик, малиот е супер. Истиот е како таткото! Ќе се менува додека расте, но сè повлекол на мене – изјави Урош.
Фото: Hypetv
СИТИ ХАЈП
Тамара Милутиновиќ секогаш е пријатен соговорник, а така беше и кога неодамна ја сретнавме на едно градско случување.
Допревме многу теми, па ни го откри и своето искрено мислење за тоа што некои нејзини колешки купуваат следбеници на социјалните мрежи.
Фото: Hypetv
Пејачката Милица Јокиќ неодамна организираше промоција на својата нова песна. Пред нашите камери се појави во елегантен, бел фустан, а се допревме и до темата за љубовта.
– Ми се додворуваат момци, ми се додворувале и порано, а сега кога сум слободна уште повеќе, можеби претходно не смееле да ми пријдат и да ми пишат. Во денешно време мажите се поуплашени од жените, жените во секоја смисла ја водат играта – рече Милица.

Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!
					


