Сидни Свини повторно во центарот на вниманието – сите зборуваат за деколтето, но и за изборот на боја!
Сидни Свини повторно во центарот на вниманието – сите зборуваат за деколтето, но и за изборот на боја!
Холивудската миленичка и една од најатрактивните актерки на денешницата, Сидни Свини, уште еднаш ја разбуди љубопитноста на јавноста со својот изглед – овојпат на свадбата на милијардерот Џеф Безос и неговата партнерка Лорен Санчез во Венеција.

фото:принтскрин/абц
Иако сите очекуваа блескави и летни бои, Сидни ги изненади со својот избор – црн краток комбинезон со длабоко деколте, кој ја истакна нејзината фигура. Комбинезонот со набори и лелеав материјал беше вистински моден погодок за летните денови, докажувајќи дека црната боја може да изгледа гламурозно и во најтоплите месеци.
За целосен монохроматски изглед, актерката го надополни стајлингот со црни балетанки и елегантна чанта од „Шанел“. На социјалните мрежи, фановите постојано коментираат за нејзиниот моден вкус. Многумина зборуваат и за нејзиното смело деколте, кое брзо стана тема број еден.
Сидни уште еднаш покажа дека знае како да ги освои објективите. Без разлика дали е на црвен тепих или во уличен стил.
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА