СЕРГЕЈ ВАРОШЛИЈА: „МОЕТО НИВО НЕ ДОЗВОЛУВА ДА СЕ БРУКАМ И ДА КОМЕНТИРАМ РАСПАД СИСТЕМИ!“ ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ ЗА ХАЈП МК! (ВИДЕО)
СЕРГЕЈ ВАРОШЛИЈА: „МОЕТО НИВО НЕ ДОЗВОЛУВА ДА СЕ БРУКАМ И ДА КОМЕНТИРАМ РАСПАД СИСТЕМИ!“ ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ ЗА ХАЈП МК! (ВИДЕО)
Сергеј Варошлија – модна икона без влакна на јазикот повторно го привлече вниманието: Гостуваше на Хајп МК и откри детали што никој не ги очекуваше.
Фото: ХYПЕ МК
Секогаш уникатен, секогаш во центарот на вниманието – Сергеј Варошлија, стилистот и моден критичар кој со години важи за најконтроверзниот, но и најпочитуван глас кога станува збор за модата и јавната сцена во Македонија, повторно се најде во фокусот на јавноста. Овој пат, тој беше специјален гостин во емисијата Хајп МК, каде што со својот препознатлив, остар и искрен став проговори без задршка за сè – од приватниот живот, кариерата, па сè до идните планови кои, како што кажа, вклучуваат и враќање на телевизиските екрани.
СЕРГЕЈ ВАРОШЛИЈА: „МОЕТО НИВО НЕ ДОЗВОЛУВА ДА СЕ БРУКАМ И ДА КОМЕНТИРАМ РАСПАД СИСТЕМИ!“
Во интервјуто, Варошлија ретко се воздржуваше – токму како што јавноста го познава. Искрено зборуваше за своето детство, за љубовта кон модата што му се родила уште како дете, и за сите препреки што ги надминал за да стане она што е денес – име што се изговара со респект дури и меѓу најголемите балкански ѕвезди. Сергеј откри дека токму неговиот стил и став се тие што го одделуваат од останатите:
„Јас не сум тука да галам, јас сум тука да кажам вистина. Ако не можете да ја поднесете, тоа не е мој проблем,“ рече тој низ смеа.
СТЕФАН ЛАЗАРОВ И СЕРГЕЈ ВАРОШЛИЈА СО НАЈАВА ЗА НОВА СОРАБОТКА !
Она што најмногу го привлече вниманието во емисијата беше делот кога Сергеј, без влакна на јазикот, коментираше модни избори на македонските јавни личности. Како и секогаш, некои добија пофалби, но некои и остри критики завршија во ѓубре.
Кога станува збор за иднината, Сергеј најави дека работи на нов ТВ-проект, во кој повторно ќе се врати како моден судија, но овојпат во многу посмела, понова форма.
„Ќе биде нешто што не сте го виделе досега. Ќе гори екранот,“ вети тој, оставајќи простор за шпекулации, но и огромно исчекување кај публиката.
Со својата автентичност, Сергеј Варошлија уште еднаш потврди дека модата не е само надворешна појава, туку моќен начин на изразување. Неговите коментари и ставови се ретко искрени во време кога сè повеќе владее лажниот сјај.
Погледнете ја целата епизода на Хајп МК и дознајте кои јавни личности ги фали Сергеј, а кои добија картон за во „Ж“ – можеби ќе се изненадите.
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.