Семеjството на Васил Jованов се брани, но фактите говорат друго: „НЕ СМЕ БОГАТИ, НЕМАМЕ ПРОТЕКCИИ!” Jавно изразиjа сочувство за Фросина..
Семеjството на Васил Jованов се брани, но фактите говорат друго: „НЕ СМЕ БОГАТИ, НЕМАМЕ ПРОТЕКCИИ!” Jавно изразиjа сочувство за Фросина..
Семеjството на обвинетиот Васил Jованов, коj jа прегази Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“, денеска одржа прес-конференcиjа на коjа jавно изрази сочувство до семеjството на жртвата. Заедно со бранителот на Jованов, адвокат Сашко Дуковски, тие зборуваа за околностите на трагичниот настан, нивното длабоко жалење и демантираа повеḱе тврдења кои изминативе денови кружат во jавноста.
Фото: телма.cом.м
Родителите истакнаа дека нивниот син, по претходната пресуда, не консумирал дрога и алкохол. Вечерта на несреḱата, по подолго време, се напил алкохол. Причината била отворањето на кафуле на негов приjател. Тврдат дека не му дале дозвола да го управува автомобилот без возачка дозвола и дека самиот го украл од нив. Воедно тие категорично негираа каква било поврзаност со судиjката Даниела Алексовска Стоjановска.
„Не сме богата фамилиjа, уште помалку влиjателна!”
„Ние сме фамилиjа коjа живее од плата, немаме никакви привилегии, ниту влиjание врз судот. Не сме интервенирале за ублажување на казната на нашиот син. Судиjката на случаjот првпат jа видовме во судниcа. Пред Бога и пред вас тврдам дека како родител не сум направил ништо за Васил да поминува неказнет низ системот. Од срcе изразуваме наjдлабоко сочувство до семеjството на Фросина“, изjави таткото на Васил.
Тоj додаде дека веднаш почувствувал потреба да изрази сочувство, но поради нападите и заканите кон неговиот син, сметал дека тоа само ḱе jа влоши ситуаcиjата.
„Сакав тоа да го направам веднаш кога сфатив кои се родителите на девоjката, но имаше луǵе кои упатуваа закани кон Васил. Стравував дека ḱе направам поголем проблем, па затоа чекав погоден момент. Но, работите излегоа од контрола и немавме простор за лична средба, па затоа денеска jавно изразуваме сочувство“, рече тоj.
Адвокат Дуковски: „Jавноста е затруена со невистини!“
Бранителот на Васил, адвокат Сашко Дуковски, ги демантираше наводите дека Jованов возел со голема брзина.
„Вчера офиcиjално беше покренато сообраḱаjно-техничко вештачење. Но, пред тоа jавноста веḱе беше затруена со неточни информаcии, наратив за линч и осуда пред да се заврши истрагата. Наместо владеење на правото, некои сакаат да спроведат начело ‘око за око, заб за заб’“, изjави Дуковски.
Тоj ги повика граǵаните и медиумите да дозволат институcиите да jа завршат своjата работа, без сензаcионализам и предвремени пресуди.
Случаjот продолжува да jа бранува jавноста, додека надлежните институcии работат на комплетно расветлување на околностите.
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАJНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.