СЕДУМ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО ДВЕ СООБРАЌАЈКИ ВО ВЕЛЕС И КАЈ НЕГОТИНО!
СЕДУМ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО ДВЕ СООБРАЌАЈКИ ВО ВЕЛЕС И КАЈ НЕГОТИНО!
Во текот на едно деноноќие, на подрачјата на Велес и Неготино се случиле две одделни сообраќајни несреќи во кои биле повредени вкупно седум лица, меѓу кои и една малолетничка.
Првата несреќа била пријавена во СВР Велес околу 23 часот. На улицата „Вардарска“ во Велес, возило „Фолксваген Голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот Т.Б. од Велес, излетало од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди. Телесни повреди добиле и тројца негови сопатници: А.Д. (20), Ш.Р. (19) и една малолетна девојка, сите од Велес. Повредените биле пренесени во Општата болница Велес, каде им биле констатирани повредите. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.
Втората несреќа се случила истиот ден околу 09:30 часот на автопатот Неготино–Демир Капија. Патничко возило „Шкода“ со српски национални ознаки, управувано од Т.П. (56) од Србија, излетало надвор од коловозот. Во несреќата сопатникот Д.П. (61) се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 17-годишен сопатник добиле телесни повреди. Сите повредени биле хоспитализирани во Општата болница Кавадарци. Увид извршила екипа од ОВР Неготино.
Полицијата продолжува со работа на утврдување на причините за двете сообраќајни несреќи и презема соодветни мерки за расчистување на случаите.
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!