СЕДУМ АКТИВНИ ПОЖАРИ ВО ДРЖАВАТА, ТРИ СТАВЕНИ ПОД КОНТРОЛА – СТИГНУВА МЕЃУНАРОДНА ПОМОШ ОД ЧЕШКА И СЛОВЕНИЈА!
СЕДУМ АКТИВНИ ПОЖАРИ ВО ДРЖАВАТА, ТРИ СТАВЕНИ ПОД КОНТРОЛА – СТИГНУВА МЕЃУНАРОДНА ПОМОШ ОД ЧЕШКА И СЛОВЕНИЈА!
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата биле евидентирани вкупно 27 пожари на отворен простор. Во моментов, активни се седум пожари, три се ставени под контрола, а 17 се целосно изгаснати.
Фото/ Пеxелс
Според информации од Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни пожари се бележат на следните локации:
- Планините Голем Готен и Малешевските Планини, каде што гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација;
- Селото Бешиште (општина Прилеп), поточно во атарот викан Бешишки Рид, со крак кон селото Градешница (општина Новаци) и крак кон државната граница со Грција – зафатена е мешана шума, но поради опасност од детонации не се интервенира на терен;
- Регионот меѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен (општина Прилеп), каде што гори мешана шума и ниска вегетација;
БАБА МУ ЈА ОДОБРИ! – ОВАА ВИДЕО НА ТАСКО ЌЕ ВЕ ИЗНАСМЕЕ ДО СОЛЗИ! (ВИДЕО)
- Селата Галиште и Трстеник (општина Кавадарци) – истиот тип на шумска покривка е зафатен;
- Меѓу Црешево, Локвица и Крапа (општина Македонски Брод), каде што гори деградирана дабова шума и грмушки;
- Селото Ќосевица (општина Македонска Каменица) – гори борова шума;
- Селото Ореше (општина Чашка) – ниска вегетација и букова шума;
- Селото Горно Црско (општина Кичево) – зафатена е ниска шума и вегетација.
Под контрола се ставени следниве пожари:
- Во с. Грешница (општина Македонски Брод) – зафатени се мешана шума и сува трева;
- Меѓу с. Драгоево и с. Селце (општина Штип) – гори нискостеблеста шума, прнар и сува трева;
- Во с. Јунузлија (општина Карбинци) – опожарена е шума.
Стигнува меѓународна помош
Во справувањето со пожарите денеска се очекува да пристигне помош од Чешка, која ќе испрати хеликоптер, и од Словенија, која ќе испрати тим од 50 пожарникари со специјализирана опрема.
Временска прогноза
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува променливо облачно и посвежо време претпладне, со појава на повремен пороен дожд, грмежи и можност за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и повремено засилен ветер од северозападен правец.
Температурите ќе се движат од минимални 13 до 22, додека максималните ќе достигнат од 27 до 35 степени Целзиусови.
Според мерењата на УХМР во изминатите 24 часа (до 8:00 часот утрово), се регистрирани врнежи на следниве локации:
- 6 литри по метар квадратен во Маврови Анови и Лазарополе,
- 4 во Тетово,
- 3 во Попова Шапка,
- 2 во Пожаране,
- 1 во Скопје – Зајчев Рид.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.