СЕ ВЕРИ ЗОРАНА! Инфлуенсерката покажа ДИЈАМАНТСКИ ПРСТЕН – еве каде се случи ЗАПРОСУВАЊЕТО! (ФОТО)
СЕ ВЕРИ ЗОРАНА! Инфлуенсерката покажа ДИЈАМАНТСКИ ПРСТЕН – еве каде се случи ЗАПРОСУВАЊЕТО! (ФОТО)
Популарната инфлуенсерка и модна блогерка Зорана Јовановиќ, позната како Зоранах (Зораннах), ги изненади следбениците со радосна вест – нејзиниот избраник Елој Рума денес ја побара за жена!
фото: Инстаграм принтсcреен / зораннах
Романтичниот момент на просидбата се случил на егзотичниот остров Курасао, а Зорана сè сподели со фановите преку нејзиниот Инстаграм профил.
На фотографиите што ги објави, Зорана блеска во зелена фустан, додека зајдисонцето и палмите во позадина создаваат речиси филмска атмосфера. Посебно внимание привлече елегантниот дијамантски прстен што гордо го покажа во објавата.
Виеw тхис пост он Инстаграм
СЕ ВЕРИ ЗОРАНА!
Да потсетиме, инфлуенсерката е во врска со фудбалскиот голман Елој Рума. Љубовта им цвета, а Зорана откри дека веќе планира свадба.
Таа раскажа дека се запознале во дигиталниот свет, а сè помеѓу нив се случило многу брзо.
„Кога ме виде на апликацијата, не чекаше да го прифатам, туку мораше да плати за да ми се јави, на пример 5 долари,“ раскажа Зорана во еден лајв на социјалните мрежи. Додаде дека била со пријателка во парк кога ја добила пораката.
Фото: Принтсcреен Инстаграм
„Само четири дена подоцна, јас веќе бев во Охајо,“ се пошегува таа.
Следеле комплименти, но и остар коментар од страна на Јовановиќ.
„Што правиш ти во таа недоѓија?“, му напишала, што доста го погодило, но истовремено го привлече да ја продолжат комуникацијата.
Зорана, поради некои негативни коментари, истакна дека нема ништо лошо во тоа да ја запознаеш сродната душа на ваков начин.
„Живееме во 21 век, апликациите се секаде околу нас и начинот на запознавање еволуираше. Ако лицето од другата страна ги има сите податоци што ја потврдуваат неговата или нејзината вистинитост, нема ниту една причина за сомнеж. Тоа е исто како да сте запознале некого во клуб – што денес се смета за поприфатлив модерен начин. Сè е исто, само што ова се случува во дигиталниот свет. А понатамошната проценка со каква личност комуницирате е исклучиво ваша, без разлика дали сте ја запознале онлајн или во живо,“ изјави инфлуенсерката.
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Д.Н.