СÈ ТРГНА НАОПАКУ ЗА МЕГАН И ПРИНЦОТ ХАРИ! СКАНДАЛ ПОВТОРНО ГО ТРЕСЕ БРИТАНСКИОТ ДВОР!
СÈ ТРГНА НАОПАКУ ЗА МЕГАН И ПРИНЦОТ ХАРИ! СКАНДАЛ ПОВТОРНО ГО ТРЕСЕ БРИТАНСКИОТ ДВОР!
Првото јавно појавување на кралското бебе претставува долгодишна традиција, но Хари и Меган решија да тргнат по поинаков пат — одлука што го најави нивниот понатамошен однос со кралското семејство.

Пол Барел, поранешен кралски батлер, се осврна на моментот кој, според него, значително го влошил односот меѓу принцот Хари и Меган Маркл со кралското семејство. Неговите коментари повторно станаа актуелни по објавата за новите Нетфликс проекти на парот, вклучувајќи ја и втората сезона на серијалот „Со љубов, Меган“.
Меган и Хари ја прекршија кралската традиција
Наместо да се појават пред болницата и да позираат за фотографи, како што налага традицијата, војводата и војвотката од Сасекс решија по раѓањето на нивниот прв син Арчи, да изберат приватен пристап. Според некои извештаи, токму таа одлука тогаш предизвикала загриженост, пишува „Мирор“.
Гледано од денешна перспектива, многумина ја разбираат нивната желба за приватност во толку важен момент. Сепак, во тоа време, нивното отстапување од протоколот се сметаше за раен знак на откажување од кралските должности.
– Зошто не сакаа да ја споделат својата среќа со светот? Се повлекуваа, се оддалечуваа… тогаш си помислив дека нешто не е во ред – изјавил Пол.
„МОНО АЛЕКС СО ФЕРАРИ ПО ВОДА: ДАЛИ ГО НАУЧИ АВТОМОБИЛОТ ДА ПЛИВА?“ (ФОТО)
ЕДИНСТВЕНИОТ МИЛИЈАРДЕР ВО МАКЕДОНИЈА: СКОРО И ДА НЕМА КОНТРОВЕРЗИ ЗА НЕГО
Кралскиот фотограф Зак Хусеин, пак, потенцираше дека јавноста обожава фотографии од кралските членови и нивните деца на скалите пред болницата.
– Недостигот на таа фотографија дефинитивно предизвика реакции, но од друга страна, сосема е разбирливо дека некој сака приватност околу раѓањето на своето дете – рече Зак.
Семејниот живот подалеку од јавноста
Од доаѓањето на Арчи во 2019 година, Хари и Меган го проширија своето семејство со ќерката Лилибет. По нивното преселување во САД во 2020 година, нивните јавни појавувања беа сведени на минимум, како и објавите со фотографии од нивните деца.
Објаснувајќи ја логиката зад нивниот пристап, еден близок пријател изјавил за магазинот Пеопле:
– Хари не сака да ги изложува децата во јавноста, не затоа што сака да ги крие, туку поради желбата да ја зачува нивната приватност и безбедност од можни закани. Сака да имаат што понормален живот, без страв од киднапирање или повреда. Како татко и сопруг, Хари е решен историјата да не се повтори.
По нивното враќање од официјалната посета на Колумбија, Хари и Меган ќе имаат причина за славење – нивниот син Арчи наскоро ќе тргне во училиште за првпат.
„ЛЕТО ВО ДРУШТВО“ ЗАПОЧНУВА ВО КОЧАНИ – СПОМЕН НА ЖРТВИТЕ ОД „ПУЛС“ СО УНИКАТНА ПРОГРАМА ЗА МЛАДИ!
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.