СЕ ОГЛАСИ ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА АПСЕЊЕТО НА РАСТА: ЕВЕ ШТО ГО ЧЕКА РЕПЕРОТ!
СЕ ОГЛАСИ ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА АПСЕЊЕТО НА РАСТА: ЕВЕ ШТО ГО ЧЕКА РЕПЕРОТ!

Фото: Hype ТВ
Македонското јавно обвинителство се огласи по повод апсењето на Стефан Ѓуриќ Раста, со официјално соопштение во кое се наведува дека кај него била пронајдена опојна дрога – марихуана, поради што ќе биде поднесена кривична пријава.
Познатиот музичар беше уапсен ноќеска во Охрид, каде што имаше закажан настап на стадион.
ОФИЦИЈАЛНО СООПШТЕНИЕ:
„На 03.08.2025 година во 00:10 часот на спортскиот стадион во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при Секторот за внатрешни работи Охрид го лишиле од слобода С.Ѓ. (36) од Белград, Република Србија, кај кого при претрес била пронајдена и одземена опојна дрога – марихуана. Осомничениот е задржан во полициска станица, а по комплетирање на документацијата ќе биде поднесена соодветна пријава против него,“ се вели во соопштението на Обвинителството на Северна Македонија.
Од институциите најавија дека се очекува понатамошен развој на правната постапка во врска со овој случај.
ОВА НЕ Е ПРВ СЛУЧАЈ
Да потсетиме, Раста веќе еднаш беше уапсен во 2020 година, кога полицијата кај него пронајде пет грама марихуана, а при претрес на неговиот стан беше запленета и дополнителна количина скај (концентрирана форма на марихуана).
Тогаш помина три месеци во притвор, а подоцна му беше изречена и казна од осум месеци домашен притвор.
Сега останува да видиме дали историјата ќе се повтори – или дали Раста ќе се соочи со построги последици.
КАДЕ МОЖЕТЕ ДА НЕ ГЛЕДАТЕ!
Хyпе ТВ
КОНЦЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
КОЈА Е НОВАТА ДЕВОЈКА НА БАКА ПРАСЕ? Работела во ресторан, студира тежок факултет! (ФОТО)
ИНСТАГРАМОТ НА КАРЛЕУША ПОВТОРНО ИЗБРИШАН!
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ВРЕМЕСКА БОМБА ЗА ПОНЕДЕЛНИК! — 30 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ: ЖЕШКО, СТИЛСКО И СО ПРИВРЕМЕНИ ДОЖДОВИ!