„СЕ КОЛНЕШЕ, СЕ КОЛНЕШЕ, ДЕКА НЕ СЕ ВЉУБИЛ ВО ДРУГАТА“ – Твитер ГОРИ поради ИЗНЕВЕРУВАЊЕТО на Ацо Пејовиќ: Тајната афера добива епски размери!
„СЕ КОЛНЕШЕ, СЕ КОЛНЕШЕ, ДЕКА НЕ СЕ ВЉУБИЛ ВО ДРУГАТА“ – Твитер ГОРИ поради ИЗНЕВЕРУВАЊЕТО на Ацо Пејовиќ: Тајната афера добива епски размери!
Hype ексклузивно ги откри новите детали за тајната афера на пејачот Ацо Пејовиќ со 25 години помладата девојка, Ања Адамовиќ.
Нивната приказна, која на прв поглед потсетува на романтично-драмска серија со забранета љубов, одекна на социјалните мрежи, особено на платформата Икс (поранешен Твитер), каде што владее целосна пометеност.
Фото: Принтскрин Instagram, Hype илустрација
Врската помеѓу пејачот и атрактивната Ања покрена лавина коментари и реакции. Мнозина беа изненадени по објавувањето на новите детали од страна на Hype.
Тајната афера добива епски размери
Имено, на Икс веќе се води жестока дебата, и не престанува да се зборува за оваа шокантна прељуба и приказна.
„Дали е можно жените се разочарани затоа што се откри дека Ацо Пејовиќ е швалер, а тие верувале во неговата верност?“
„Кажете ми, во кој паралелен универзум живеете ако ви бил Ацо Пејовиќ пример за верен маж?“
„Како дури сега дознаа дека ја изневерува жена му? Среќна нова 2016 година.“
„Секогаш ми бил одбивен, сега само го потврди тоа“ – се само дел од многуте коментари и констатации.
Фото: Принтскрин Тwиттер
Мнозина го сметаа Пејовиќ за семеен човек, посветен и пожртвуван, без скандали. Меѓутоа, очигледно пејачот не можел да ѝ одолее на убавината на својата помлада љубовница.
Иако, како што наведува извор за Hype, таа често му приредува разни проблеми и турбуленции, тоа не го спречило да продолжи со љубовната романса со неа.
МИА И ТИЈАНА САМИ НА ПЛАЖА ВО МАЛДИВИ – СЕ НУРНАА ВО ДЛАБОКОТО! (ВИДЕО)
Ања Адамовиќ, инаку од Бор, кога ќе се скара со пејачот, често знае повторно да ги активира своите профили на социјалните мрежи и на нив да објавува свои фотографии, селфија и снимки.
Она што не може да ѝ се одземе е дека заводливата русокоса изгледа многу атрактивно и посакувано, па не е ни чудо што Ацо секогаш ѝ се враќа.
Ања е многу згодна, родена во 1997 година, а како што наведува изворот, Пејовиќ бил опчинет од нејзините атрибути и продорни сини очи.
Фото: Принтскрин Instagram
ГИ СПОИЛА НЕЈЗИНАТА ДРУГАРКА
Како што пишуваше Hype во иницијалната вест, Ацо и Ања ги споила токму нејзината другарка – Милица Пејовиќ.
Таа ја запознала со пејачот и од тој момент, нив двајцата ја пишуваат својата љубовна историја.
Семејството на љубовницата
Како што ексклузивно дознава Hype од извор близок до семејството, нејзината мајка се вика Маја Адамовиќ и е од Бор.
Несудениот свекор на Ацо е познат гитарист, во народот познат под прекарот „Кајга“.
Тактика на љубовниците
Згодната љубовница редовно игра и танцува на неговите настапи и оди со него на турнеи, но по концертите, завршуваат заедно во хотелска соба.
Како што дознава Hype од добро информиран извор, таа моментално се наоѓа на лекување од психоактивни супстанции – на клиника за одвикнување. Сместена е кај своите родители, наведува изворот.
Тие често објавуваат исти кадри од хотелските соби, па така лесно се открива дека се заедно.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
HYPE МК/Е.Л.