СЕ ГАСАТ „ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД“?! Дојде ли крајот на НАМЕСТЕНОТО ТАЛЕНТ-ШОУ?
СЕ ГАСАТ „ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД“?! Дојде ли крајот на НАМЕСТЕНОТО ТАЛЕНТ-ШОУ?
Се гасат „Ѕвездите на Гранд“?
Од следната сезона, музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ повеќе нема да се емитува на телевизија Пинк. Имено, од есен, на местото на „Ѕвездите на Гранд“ на ТВ Пинк ќе се емитува друг проект.
Фото: Принскрин/Пинк
Она што го привлекува вниманието на јавноста е целосното отсуство на реакција од продукцијата на „Гранд“ – ниту на официјалните канали, ниту преку јавни изјави. Без објаснување, без план, без најави за понатаму – се остава впечаток дека „Гранд“ нема конкретно решение, ниту јасна визија за иднината на шоуто.
Што ќе се случи со „Ѕвездите на Гранд“, дали ќе премине на друга телевизија, ќе паузира, или засекогаш ќе се угаси – засега не е познато.
Но, според коментарите на социјалните мрежи, сè погласни се гласините дека ова натпреварување нема да ја дочека новата сезона.
„Досадни се“, „Доста беше од тоа наместено натпреварување“, „Одамна таму нема ниту талент, ниту емоција, само циркус и караници“, „Натпреварувањето одамна служи само за промоција на членовите на жирито“, „Се гасат ‘Ѕвездите на Гранд’“ – се само дел од коментарите на гледачите.
Саша Мирковиќ го предвиде распадот на „Гранд“
Сопственикот и директор на продукцијата „Хyпе“, Саша Мирковиќ, гостувајќи во емисијата „Претрес“, зборуваше за „Гранд“ и тогаш најави дека се пред распаѓање.
„Полека сите од ‘Гранд’ ќе преминат на ‘Хајп’… Тие се во фаза на распаѓање, тоа ќе биде готово веќе во јануари“ – изјави Мирковиќ.
Фото: Хyпе ТВ
– Имате такво чувство или знаете? – го праша водителот.
– Имам сознанија. Јас никогаш немам чувство, јас имам информации. Запомни што ти кажав. Доста ја уништуваа културата и музиката во Србија. Навистина доста, премногу. Време е малку да се смират. Бргу тие сите ќе дојдат на „Хајп“. Неколкумина од нив би ги примил во „Хајповото јато“ – рече Саша Мирковиќ во емисијата „Претрес“.
ж