САМО ДВЕ НЕДЕЛИ ПОСЛЕ РАЗВОДОТ! Поранешниот сопруг на Марија Микиќ виден со нова девојка?!
САМО ДВЕ НЕДЕЛИ ПОСЛЕ РАЗВОДОТ! Поранешниот сопруг на Марија Микиќ виден со нова девојка?!
Пејачката Марија Микиќ и нејзиниот сега веќе поранешен сопруг Јован Пантиќ официјално ставија крај на својот брак кој траеше две години, а од таа љубов добија две деца – ќерката Ѓурѓа и синот Милија.
Фото: Антонио Ахел / АТАИмагес
Додека Марија го поминува слободното време со децата во Дубровник, Јован, како што изгледа, ја искористил приликата да пронајде нова љубов. Имено, според сведоштвата на очевидци, поранешниот сопруг на пејачката бил виден во друштво со нова девојка на годинешниот фестивал Егзит.
Јован наводно разменувал нежности со новата партнерка пред очите на сите, и тоа помалку од 20 дена откако Марија официјално потврди дека се разведува од Пантиќ.
Пхото: Принтсcреен Instagram/wwwмариjамикиcом
Поранешниот сопруг на Марија виден со нова девојка?!
– Не се разделуваа, цело време ја држеше за рака и разменуваа нежности. Марија е многу поубава од неа, но очигледно нешто не функционирало во бракот – изјави еден очевидец кој сакаше да остане анонимен.
За потсетување, Марија претходно објави официјално соопштение по повод разводот, во кое истакна дека повеќе нема да се огласува по таа тема:
– Драги мои новинари, слободно можам да кажам соработници, и секако, пријатели. Во овие тешки времиња кои не’ снајдоа, покрај сè што се случува околу нас, постои и она што се случува во нашите срца. Мислам дека одамна ви должам одговори на некои прашања и не се чувствував добро поради тоа. Причината зошто не се огласував беше што сите од мене баравте одговори кои ни самата не можев да си ги дадам. Минувам низ навистина тежок период во животот на сите полиња. Освен операцијата и моето здравје, за кое бевте информирани, најмногу прашања се однесуваа на односот меѓу мене и мојот сопруг.
Фото: Принтскрин Instagram/wwwмариjамикиcом
– Дури кога можев гласно да си го кажам тоа себеси, решив да го споделам и со вас. Јован и јас одлучивме да не бидеме повеќе заедно. Животните патишта и приоритети нè одведоа на различни страни, и покрај сите обиди да го пребродиме тешкиот период – не успеавме. Од нашата љубов, која беше најголемата што сум ја почувствувала, ги добивме нашите два ангела. Ти благодарам, Господи, за нив и за љубовта што ми дозволи да ја доживеам. Тешко е кога со некого си сонувал сè, а тоа повеќе не постои. Ве молам за разбирање – напиша Марија, и додаде:
„ОСТАНУВА ПОЧИТ МЕЃУ НАС“
– Иако љубовта меѓу нас како партнери повеќе не е на прво место, останува почитта, спомените на сè што сме изградиле заедно и најголемата сила – да бидеме најдобри родители на нашите деца. Тоа е единствениот испит во животот што мора да го положиме со чиста десетка. Ви благодарам на разбирањето во овој тежок период од мојот живот, на сите полиња. Ќе се трудам да бидам што подобра и посилна. Чувствував потреба да го споделам ова со вас затоа што сте со мене од самиот почеток, и мислам дека најмалку што можам е да ви ја објаснам ситуацијата. Ниту јас, ниту Јован повеќе нема да се огласуваме на оваа тема. Ви посакувам да се чувате и да запомните – здравјето е најважно – заклучи пејачката.
НЕ СПОРЕДУВААТ СО 2 БОНА, НО ИМАМЕ УНИКАТЕН ЗВУК! ИНТЕРВЈУ СО ФИКО И МУФИ! (ВИДЕО)
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.