Ријана „запали“ во Париз: Секси и во поодмината бременост, со фустан со длабоки процепи!
Ријана „запали“ во Париз: Секси и во поодмината бременост, со фустан со длабоки процепи!
фото:принтскрин/скyнеwс
Кој вели дека бременоста и сексипилот не одат заедно?
Ријана, познатата музичка ѕвезда и модна икона, повторно ја потврди својата титула на најсмела дама во шоу-бизнисот – овој пат во Париз, каде беше фотографирана на пат кон ноќен клуб заедно со својот партнер.
фото:принтскрин/скyнеwс
И покрај тоа што е во поодмината бременост и го очекува своето трето дете, Ријана не се откажува од својот препознатлив, провокативен стил. Таа носеше црн фустан со длабоки прорези по целата должина, што ја откриваше нејзината долна облека, како и трудничкиот стомак. Модната комбинација беше внимателно усогласена и со изгледот на нејзиниот партнер, што уште повеќе го потенцираше нивниот впечатлив ноќен настап.
Со секој свој чекор, Ријана руши табуа и покажува дека женственоста и самодовербата немаат рок на траење – дури ни за време на бременоста. Публиката и модните критичари се сложуваат: Рири сè уште знае како да направи шоу!
БОНУС ВИДЕО:
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!