Регистрирани 1336 сообраќајни прекршоци за време на викендот – 212 возачи без дозвола, 121 под дејство на алкохол!
Во текот на изминатиот викенд (5 и 6 јули 2025), полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи спроведоа засилени сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, при што се регистрирани вкупно 1336 сообраќајни прекршоци.
Според податоците од Министерството за внатрешни работи, 212 возачи биле фатени без возачка дозвола, а 121 возач управувал под дејство на алкохол и бил исклучен од сообраќај. Дополнително, 106 мотоциклисти биле казнети поради неносење заштитна кацига.

фото:мрв.гов.мк
Во рамки на контролите, полицијата санкционирала и:
-
168 возачи за непочитување на пропишаната брзина,
-
173 за неправилно паркирање,
-
100 лица поради некористење сигурносен појас,
-
39 возачи за користење мобилен телефон при возење,
-
15 случаи на минување на црвено светло.
Санкции добиле и четворица пешаци и двајца возачи на електрични тротинети.
Според Законот за возила, од сообраќај се отстранети 42 нерегистрирани возила, како и едно технички неисправно возило.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се зголеми безбедноста на патиштата. Контролите продолжуваат и во наредните денови.
БОНУС ВИДЕО:
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!
К.М.