РАЗОТКРИЕНА ЛАЖГА! ДЕНЕС ВО БАЊА ЛУКА НЕ ПАДНА НИТУ КАПКА ДОЖД, А Цеца ГО ОТКАЖА КОНЦЕРТОТ ПОРАДИ „НЕВРЕМЕ“ – ОТКАКО АНА НИКОЛИЌ ДОМИНИРАШЕ! ПУБЛИКАТА БЕСНА!
Концертот на Светлана Цеца Ражнатовиќ, закажан за вечерва во Бања Лука, беше ненадејно откажан, но – како што објави порталот Hypetv.rs – вистинската причина не била временската прогноза, туку слабата продажба на билети.

Фотографија: Hype TV / ATA Images
Иако првично се шпекулираше за неповолни временски услови, факт е дека денес во Бања Лука не падна ниту капка дожд.
Веста за откажувањето ги разочара многубројните обожаватели, но предизвика и лавина коментари – особено по потсетувањето дека Ана Николиќ само неколку дена претходно одржа спектакуларен концерт на тврдината Кастел, кој сè уште се прераскажува.
Публиката беше воодушевена од атмосферата, продукцијата и енергијата што Ана ја донесе во градот – што, според мислењето на многумина, очигледно ѝ ставило притисок на Цеца, чииот концерт уште од најавата делувал бледо.


„Изгледа дека не можеше да поднесе што некој друг доминираше во Бања Лука. И наместо достоинствено да го прифати поразот, одлучи да го обвини ‘небото’. А небото денес беше ведро“, коментираат корисници на социјалните мрежи.
Особено голем проблем претставува фактот што, според тврдењата на многу обожаватели, билетите за концертот на Цеца сè уште не се рефундирани, а нема ниту јасно објаснување за нов термин.
„Не само што не дојде, туку ни денар не ни вратија. Ова е непочитување кон публиката,“ напиша една корисничка на Инстаграм.
Цеца накратко се огласи со изјава дека ѝ е жал и дека „некои работи не биле под нејзина контрола“, но фановите не се задоволни со објаснувањето.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.MK!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @hypetv.mk!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE KANALOT – HYPE MK ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.
