Разоткриена дрога-мрежа во Германија: Македонец фатен со „печено месо“ како код за кок*ин!
Разоткриена дрога-мрежа во Германија: Македонец фатен со „печено месо“ како код за кок*ин!
Необична фраза – „печено месо“ – откри цела мрежа на трговија со кокаин во Германија, по што 52-годишен македонски државјанин беше осуден за шверц и продажба на дрога. Основниот суд во Клеве го прогласи за виновен, откако истрагата потврди дека преку телефонски кодирани разговори договарал продажба на кокаин.
принтскрин:4неwс
Истражната приказна започнала уште во ноември 2022 година, кога полицијата во германскиот град Ксантен пресретнала телефонски повици во кои редовно се споменувало „печено месо“. Сомнежот се продлабочил кога било забележано дека овие „нарачки“ варирале од 50 до 100 евра – и се случувале премногу често за да бидат вистински гастрономски желби.
Следејќи го трагот, полицијата стигнала до 52-годишен Македонец кој живее во местото Веце. Во неговата гаража и дом бил забележан постојан влез и излез на лица во кратки интервали – типичен модел на трговија со дрога. По одобрени прислушувања и претреси, биле пронајдени повеќе видови дрога, вага за мерење, кеси за пакување и 4.600 евра во готово.
Според обвинението, Македонецот во најмалку 30 наврати пренел кокаин од Холандија преку граничните премини кај Веце и Гох, во количини од 10 до 40 грама. Дел од дрогата бил пренесуван и од негови соработници – 51-годишен Холанѓанец кој доби условна казна и 56-годишен Грк кој не се појави на судењето и ќе биде гонет посебно.
Судот ја базираше пресудата на опширна истрага, прислушувани разговори, надзор и запленети докази. Иако не се прецизира висината на казната за главниот обвинет, станува збор за тешко кривично дело со сериозни последици и меѓународен карактер.
БОНУС ВИДЕО:
КОЈА Е НОВАТА ДЕВОЈКА НА БАКА ПРАСЕ? Работела во ресторан, студира тежок факултет! (ФОТО)
ИНСТАГРАМОТ НА КАРЛЕУША ПОВТОРНО ИЗБРИШАН!
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ВРЕМЕСКА БОМБА ЗА ПОНЕДЕЛНИК! — 30 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ: ЖЕШКО, СТИЛСКО И СО ПРИВРЕМЕНИ ДОЖДОВИ!
ХОРОСКОП ЗА 30 ЈУНИ, ПОНЕДЕЛНИК! НОВА МОЖНОСТ ВО ЖИВОТОТ НА РАКОТ ОВА ЛЕТО!
МАРКО ТАСЕВСКИ ИНДИГО: „НЕ МОЖЕ ДА ЗГРЕШИ НЕКОЈ ШТО ЗНАЕ ДА ЦРТА!“ (ВИДЕО)
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
К.М.