РАСТА ПУШТЕН ОД ПРИТВОР – ПОЗНАТИ ДЕТАЛИ ОД ДРАМАТИЧНАТА НОЌ!
Српскиот рапер Стефан Ѓуриќ, познат како Раста, е пуштен од притвор по неговото апсење доцна во саботата вечер во Охрид, непосредно пред настапот. Според информациите, тој бил приведен под сомнение за поседување недозволени супстанци.
По поминатото време во полициската станица, Раста денес ја напушти просторијата под полициска придружба. Тој беше спроведен до Основниот суд во Охрид, каде што треба да даде официјален исказ пред истражните органи.
Случајот предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, а фановите се прашуваат дали ова ќе влијае врз неговите идни настапи во Македонија.