РАКЕТЕН ХАОС ВО ИЗРАЕЛ: ИРАНСКИ БАЛИСТИЧКИ НАПАДИ ГО ПОГОДИЈА ТЕЛ АВИВ, ПОВРЕДЕНИ ПОВЕЌЕ ЛИЦА! (ВИДЕО)
РАКЕТЕН ХАОС ВО ИЗРАЕЛ: ИРАНСКИ БАЛИСТИЧКИ НАПАДИ ГО ПОГОДИЈА ТЕЛ АВИВ, ПОВРЕДЕНИ ПОВЕЌЕ ЛИЦА! (ВИДЕО)
Во драматична ескалација на тензиите на Блискиот Исток, Иран испали стотици балистички ракети кон Израел како директен одговор на претходната воздушна офанзива на израелските воздухопловни сили, изведена пред околу 20 часа.
Фото: нпр.орг
Според иранската новинска агенција ИРНА, Техеран ја започнал својата, како што ја нарекуваат, „разорна одмазда“ со масовно лансирање ракети кон територијата на Израел. Нападот бил спроведен од различни позиции – и од силоси и од мобилни платформи.
Израелската армија прогласи вонредна тревога за целата земја и потврди дека е цел на масовен балистички напад. Граѓаните беа повикани веднаш да се засолнат, поради можноста дел од ракетите да го пробијат антиракетниот штит.
Телевизискиот Канал 13 јави за пожар во близина на Министерството за одбрана во Тел Авив, додека „Израел Хајом“ информира дека проектили погодиле седум различни локации во централниот дел на Израел. Првите видеа од пресретнувањето на ракетите од страна на израелската одбрана веќе кружат на социјалните мрежи, а попрецизни детали се очекуваат откако ќе заврши првиот бран напади.
ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ: МЛАДА ДЕВОЈКА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО КАЗИНО!
Според ирански воени извори, бројот на истрелани балистички ракети надминува 100, со што ова претставува една од најголемите директни воени акции на Иран кон Израел досега.
Тензиите меѓу двете земји достигнуваат нов врв, со можна закана од понатамошна регионална дестабилизација.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.