ПРВАТА ЖЕНА МУ ПОЧИНАЛА ДОДЕКА БИЛ ВО ЗАТВОР: Кристијан Голубовиќ јавно призна за што СЕ КАЕ ВО ЖИВОТОТ: „За родителот најголема казна е ДЕТЕТО ВМЕШАНО ВО КРИМИНАЛ!“
ПРВАТА ЖЕНА МУ ПОЧИНАЛА ДОДЕКА БИЛ ВО ЗАТВОР: Кристијан Голубовиќ јавно призна за што СЕ КАЕ ВО ЖИВОТОТ: „За родителот најголема казна е ДЕТЕТО ВМЕШАНО ВО КРИМИНАЛ!“
Поранешниот затвореник, Кристијан Голубовиќ, откри дека се кае поради своето бурно минато и што не поминувал доволно време со своите деца.
ФОТО: Hype ТВ
– За првите две деца бев татко „на службен пат“. Досега ни не знаев што значи да се биде татко и да се преземе таа одговорност. Имав многу силна мајка и баба, и дури сега разбирам кои биле тие и колку значеле. Кога мајка ми тогаш ми велеше: „Па до кога вака, сине?“, ѝ одговарав: „Па добро, што правиш ти? Само нè нахраниш, исчистиш малку и тоа е тоа…“ – изјави Кристијан Голубовиќ, па додаде:
– Сега ме е срам од тие зборови. Денес разбирам колку откажување и посветеност бара родителството. Сфаќам дека, всушност, никогаш не сум бил вистински татко, бидејќи имав сосема поинаков поглед на децата и семејството.
КРИСТИЈАН ГОЛУБОВИЌ СКОКНА ОД МОСТ! Снимен моментот и веднаш објавен, мрежите вријат! (ВИДЕО)
Првата жена му починала додека бил во затвор: Кристијан Голубовиќ призна за што се кае во животот: „За родителот најголема казна е детето во криминал!“
Кристијан Голубовиќ призна дека се кае што ги пропуштил моментите на растење на својот син Лазар и ќерката Вера.
– Секако дека се каам! Мојот син има 30, а ќерката 10 години. Денес би сакал јас да сум на местото на Ивана, да го воспитувам тоа дете како што треба, да има и татко и мајка, да живее во складно семејство – нешто што, по моја вина, не се случи.
ПРВАТА ЖЕНА МУ ПОЧИНАЛА ДОДЕКА БИЛ ВО ЗАТВОР!
РАСТА ПУШТЕН ОД ПРИТВОР – ПОЗНАТИ ДЕТАЛИ ОД ДРАМАТИЧНАТА НОЌ!
Кристијан се потсети и на својата прва сопруга Данијела, која починала додека тој бил во затвор.
– Виновен сум и за пропаѓањето на мојот прв брак со покојната Данијела. Бевме млади, незрели, не знаевме што значи да се има дете. И двајцата многу грешевме. Бог ни ја даде и најтешката лекција – таа се разболе од карцином и почина, а јас тогаш бев во затвор. Мојот син Лазар беше препуштен на бабите и дедовците, а тие, колку и да се трудеа, не можат да го заменат ниту таткото ниту мајката. Денес јасно ја гледам таа разлика – рече Кристијан, па додаде:
– Сега ми е наметнат таков ритам со овие две деца, што ми се чини дека сè ми се враќа. Се искупувам за сите деца на светот. Спијам по три до четири часа, а остатокот од времето го поминувам со нив во игра, цртање, разговори, трчање… Тоа е вистинска посветеност, но мораш сè друго да заборавиш.
Откри дека неговата ќерка Ива неодамна ги запознала синовите кои ги има со Кристина Спалевиќ.
– Ќерката неодамна ги запозна Константин и Кирил, затоа што нивните мајки се договорија да се дружат. Децата мора да бидат на прво место. Тие се браќа и сестри и еден ден најмногу ќе си помагаат меѓусебно.
„Најголемата казна за родител е детето во криминал“
Кристијан Голубовиќ призна дека за еден родител најголемата казна е детето да биде во криминал, и дека никогаш не би дозволил неговите деца да тргнат по неговиот пат.
– Најлошата можно казна за родителот би била да му е детето во криминал. Денес на сè гледам со доза на презир. Бев во криминал од инает, од пркос кон лошите полицајци од тоа време. Си создадов аверзија кон тие луѓе и сакав со своето однесување да им напакостам. А, всушност, само си наштетив себеси и си уништив половина живот – изјави тој за домашните медиуми.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.