Пронајдено машко тело во Вардар кај Велес!
Пронајдено машко тело во Вардар кај Велес!
Машко тело е пронајдено во реката Вардар, на влезот во Велес, во близина на местото викано Бентот, информираат од Секторот за внатрешни работи Велес.
фото:мвр.гов.мк
„На 6 јули, во попладневните часови, од страна на Итната медицинска помош беше пријавено дека во реката Вардар, кај влезот во Велес, е забележано починато машко лице“, изјави портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска.
На местото на настанот излезе увидна екипа, заедно со јавен обвинител. Според првичните информации, идентитетот на лицето сè уште не е утврден.
По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, која ќе треба да ги открие причините за смртта.
Истрагата е во тек.
БОНУС ВИДЕО:
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!
К.М.