Претседателот на Србија Александар Вучиќ ги откри ДЕТАЛИТЕ ОД ПОЗНАНСТВОТО со Аца Лукас: “ГО ЦЕНАМ НЕВЕРОЈАТНО МНОГУ”
Претседателот на Србија Александар Вучиќ ги откри ДЕТАЛИТЕ ОД ПОЗНАНСТВОТО со Аца Лукас: “ГО ЦЕНАМ НЕВЕРОЈАТНО МНОГУ”
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот ТикТок профил објави видео со најголемата балканска музичка ѕвезда Аца Лукас, непосредно пред почетокот на сенационалниот собир во Ниш.
Во видеото, претседателот откри детали од неговото долгогодишно познанство со познатиот пејач, истакнувајќи колку Лукас е интелигентна личност и колку добро се разбира во спортот. Вучиќ додаде дека посебно го цени тоа што Аца секогаш стоел зад своите ставови и никогаш не подлегнал на притисоци:
“АЦА ЛУКАС ГО ЦЕНАМ НЕВЕРОЈАТНО МНОГУ”
– Аца и јас се знаеме долго време, уште од периодот кога бев во опозиција. Тој секогаш беше пријател. Има нешто што луѓето не го знаат – тој не само што е неверојатно интелигентен, туку и неверојатно добро го познава спортот. Еднаш на стадион ги слушав неговите коментари кои беа и највесели и најпаметни. Посебно го ценам тоа што секогаш си стоел зад своите ставови и мислења, кои никој не можел да му ги смени под притисок. Затоа му благодарам што е денес со нас тука – изјави претседателот Вучиќ.
@jасамалександар Резултати су закон! #србиjа🇷🇸 #jасамалександар #ниш
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!