ПРЕСТРЕЛКА ВО ТЕТОВО – ЕДЕН ЗАГИНАТ, ПОВЕЌЕ РАНЕТИ, МЕЃУ НИВ И 12 ГОДИШНО ДЕТЕ!
ПРЕСТРЕЛКА ВО ТЕТОВО – ЕДЕН ЗАГИНАТ, ПОВЕЌЕ РАНЕТИ, МЕЃУ НИВ И 12 ГОДИШНО ДЕТЕ!
Четири лица со тешки телесни повреди денеска се примени на хируршките клиники во Скопје по крвава вооружена пресметка на улиците во Тетово, во која животот го загуби едно лице.
Фото/Пеxелс
ПРЕСТРЕЛКА ВО ТЕТОВО!
Според Министерството за здравство, на КАРИЛ бил примен 32-годишен пациент со прострелна рана во пределот на градниот кош, со тешка телесна повреда. На Детска хирургија е донесено 12-годишно девојче со прострелна рана во десната натколеница, додека на Торакална хирургија завршил 37-годишен маж со прострелна рана во градниот кош. На Трауматологија е згрижен 60-годишен маж со скршеница на десната потколеница. Сите пациенти се под медицински надзор и им се укажува соодветна помош.
Според информациите од МВР, престрелката се случила околу 12:30 часот на крстосницата меѓу улиците „Илинденска“ и „Благоја Тоска“. Две возила размениле истрели, а при тоа се случила и сообраќајна несреќа. Двете возила потоа го напуштиле местото – едното се упатило кон улица „113“, а другото избегало во непознат правец.
ХОРОР! Убиена мајка, прободен сопруг: Две жртви на семејно насилство за една ноќ во Штип!
Граѓани и очевидци пријавиле дека возилото кое се упатило кон улица „113“ било „Форд Фиеста“ со тетовски таблички, кои подоцна се утврдило дека се одјавени и припаѓаат на 19-годишен жител на село Гајре. Другото возило – „Фолксваген Голф“ со тетовски регистарски таблички, сопственост на 46-годишен маж од Тетово – било пронајдено на друга крстосница, а во него имало починато лице со прострелни рани.
Во тетовската болница биле пренесени три повредени, меѓу кои и малолетно девојче со рани од огнено оружје, кое останало на опсервација. Двајца други, на возраст од 34 и 37 години, биле итно транспортирани во Скопје. Во инцидентот бил повреден и случаен минувач – 60-годишен маж, кој исто така завршил во скопските клиники.
Полицијата и обвинителството вршат увид и ги истражуваат мотивите и околностите на овој брутален настан кој ја потресе јавноста.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л./Извор/МИА