ПРЕСЛАТКО: Виктор го зема синот во рака и продолжи да пее!
ПРЕСЛАТКО: Го зема синот во рака и продолжи да пее!
Преслатка фотографиjа од настап во Штип: Ги забавуваше гостите и пееше додека во рака го држеше четиримесечниот син!
Македонскиот пеjач, Виктор Картинов, пред четири месеcи го доби своето второ дете со сопругата Ана Мариа. Вредниот татко има броjни настапи низ локалите ширум Македониjа, а на еден од нив му се приклучи и синот.
ВО ЕДНАТА РАКА СИНОТ, ВО ДРУГАТА МИКРОФОНОТ
Имено, сопругата на Виктор сподели видео на кое се гледа како младиот татко и пеjач ги забавува гостите и пее додека во рака го држи четиримесечниот син.
Забавата се случила оваа сабота (4ти jануари) во локал во Штип. На забавата гостинка била и неговата сопруга, па кога забележал дека синот плаче, го земал во прегратка за да го смири и продолжил со настапот.
Вредниот татко половина час пеел со своето дете во рака, и тоа не му било воопшто тешко.
Велат, да се биде татко на хартиjа е едно, но да се биде татко на дело е сосема друго. Виктор одлично се покажа во новата улога.
СО СОПРУГАТА СЕ ВО БРАК ДВЕ ГОДИНИ
Виктор Картинов и Ана Мариа во брак се две години, а веḱе имаат две преслатки дечиња. Првото е женско, има година и пол и се вика Анабела. Второ е синче, се вика Матиjан и има четири месеcи.
ГОДИНАВА ḰЕ JА ИЗРАДУВА СВОJАТА ПУБЛИКА СО НОВИ КАВЕРИ
Пеjачот беше дел од музичка група, но одлучи своjата музичка кариера да jа тера самостоjно. Броjните настапи се доказ дека одлично е прифатен во локалите и каj публиката. Вели дека работи на нови материjали кои ḱе ги обjави многу наскоро. Jавноста ḱе добие нови материjали, мелем за очи и уши.