„ПРЕД ДЕЦАТА МЕ НАПАДНАЛ!“ – Марко Миљковиќ откри нови детали од судирот со соседот!

Марко Миљковиќ јавно се пожали на сосед кој, како што вели, го малтретира веќе една година. Сега откри нови тврдења за конфликтот со него.
– Година и повеќе ме тероризира, постојано пријавува во полиција, доаѓа тука, прави разни смислици. Не знам какви односи има со другите, не навлегувам во тоа – јас живеам свој живот. Мене не ме интересира никој друг, освен јас и моето семејство. Верувам дека има проблем со сите, затоа што таков е каков што е – изјави водителот, па продолжи:
„Денес тие те омаловажуваат, а утре ќе кажат- ох, некогаш ја познавав”: Ѓорговска врати на прозивката од Сергеј!
– Во еден премин насрна на мене и сето тоа го снимав. Тој знае дека имам снимка и ќе ја објавам доколку продолжи да се однесува вака. Секојпат за некоја глупост пријавува, праќа полиција, ми чукаат на врата додека децата спијат… Од првиот ден се однесува како зградата да е негова. Тој поставува управници, тој одлучува за сè. Член е и во комисија, одредува цени за изнајмување простори, заобиколува одлуки на станбената заедница, па дури и законот. Става клими каде ќе посака, иако луѓето се гушат долу – раскажа Марко.
Тој додаде:
– Игнорирав долго време, но очигледно не може да се дозволи некој да поставува огради каде ќе му текне, без одлука, без ништо. Станарите речиси ништо не се прашуваат, а тој е навикнат сè да прави набрзина. Мора да има закон, мора да има одлука од станбената заедница, сите станари мора да бидат прашани. Дури и за една сијалица треба да се донесе заедничка одлука, а не тој сам да ја менува. Четири години така функционира, а последната година конкретно мене ме малтретира – изјави Миљковиќ.
„Насрна на мене пред децата“
Марко истакна дека не станува збор за истиот човек кој некогаш го гаѓал со јајца, но дека и тој допринел за проблемите:
– Тоа не е истиот човек, но придонесе. Секогаш тргнувам од таму каде што најмногу смрди – а смрди токму кај овој човек. Толку се бахато однесува, надвор од памет. Имав директен вербален судир – ме навредуваше и насрна на мене пред децата додека ги водев во градинка. Имам и снимка, но сè уште не ја објавив. Тврдам дека било така – нека ме демантира ако може.
– Немам друг избор освен да ја споделам приказната со јавноста, за сите да знаат што се случува. Не дај Боже утре нешто да ми се случи – да се знае зошто и како. Нема да дозволам некој да ме малтретира мене и моето семејство – заклучи Миљковиќ.
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Т.С.
