ПОЗНАТИОТ ГОЛМАН ДИНО ЗАХОВ СЕ ОЖЕНИ СО СРБИНКА! ЉУБОВ И НЕВИДЕН ГЛАМУР НА СВАДБАТА НА ГОДИНАТА!
ПОЗНАТИОТ ГОЛМАН ДИНО ЗАХОВ СЕ ОЖЕНИ СО СРБИНКА! ЉУБОВ И НЕВИДЕН ГЛАМУР НА СВАДБАТА НА ГОДИНАТА!
ПОЗНАТИОТ ГОЛМАН ДИНО ЗАХОВ СЕ ОЖЕНИ!
Голманот на фудбалската репрезентација и гордост на Струмица, Костадин Дино Захов, викендов го кажа судбоносното „да“ на атрактивната српска модна дизајнерка Ивана Давидовиќ.
Фото/Принтскрин/Инстаграм/динозахов
Дино, кој на теренот сме навикнати да го гледаме во спортска опрема, овој пат го замени голманскиот дрес со елегантен црно-бел костум — бело палто, црни панталони, бела кошула и црна пеперутка. На местото на голманскиот петерец, овојпат стоеше пред олтарот во Соборниот храм во Скопје, каде заедно со својата избраничка се заколнаа на вечна љубов и верност пред Бога, по што следеше и граѓанска церемонија и голема свадбена веселба во една од најелитните винарии во земјава.
ПОЗНАТИОТ ГОЛМАН ДИНО ЗАХОВ СЕ ОЖЕНИ!
Невестата блескаше во тесна венчаница од бела тантела која совршено го следеше нејзиното тело, а долгиот вел софистицирано беше прикачен на нејзината пунџа, елегантно се влечеше зад неа, оставајќи ги сите без здив.
Виеw тхис пост он Инстаграм
Захов е одамна присутен во фокусот на јавноста не само поради своите спортски достигнувања, туку и поради бурниот љубовен живот. Тој беше во долга и озборувана врска со црногорската ракометарка Јованка Радичевиќ. Тие беа и свршени, но свадбата никогаш не се случи поради нивните професионални обврски и живот на различни адреси. Кога таа се пресели во Романија, љубовта згасна, а свршувачката беше прекината.
Подоцна, медиумите пишуваа за наводна тајна врска помеѓу Дино и поранешната сопруга на фудбалерот Баже Илијоски – иронично, таа исто така се викаше Ивана. Но, како што велат, минатото е зад нас.
Виеw тхис пост он Инстаграм
Денес, Дино и Ивана Давидовиќ се целосно посветени еден на друг и на заедничката иднина. Сплотени во љубов, тие храбро зачекорија во новата животна етапа. А како круна на сето тоа, Дино на својот Инстаграм јавно ѝ посвети песна на својата избраничка со порака: „За секогаш твој“.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л./Извор:вистина.cом.мк