Пожарите не стивнуваат – девет активни огнени линии низ Македонија, ангажирана и Армијата!
Пожарите не стивнуваат – девет активни огнени линии низ Македонија, ангажирана и Армијата!
Девет пожари и натаму се активни на различни локации низ Македонија, соопшти Центарот за управување со кризи. Според утринскиот биланс, од вкупно 63 пожари пријавени вчера, четири се ставени под контрола, еден е локализиран, а 49 се изгаснати.
фото:принтскрин/тв24
Најкритични жаришта се регистрирани во Чучер Сандево – Блаце каде гори ниска вегетација, село Визбегово во Шуто Оризари каде и понатаму гори депонијата, како и во село Бешиште кај Прилеп, каде пламените јазици зафатија мешана шума.
Во Македонски Брод, помеѓу селата Црешнево и Локвица, гори дабова шума и грмушки, додека во селата Слатина и Ковче продолжува пожарот во мешана шума. Огнен фронт има и под Солунска Глава во општина Чашка, како и во селото Николиќ во Дојран каде гори нискостеблеста шума.
Во соработка со Владата, која прогласи кризна состојба, претседателката Гордана Силјановска-Давкова донесе одлука за ангажирање на припадници на Армијата во гаснењето на пожарите. Веќе се распоредени во најзагрозените региони.
Трагичен развој доби ситуацијата во Крива Паланка, каде беше пронајдено тело – втора жртва од пожарите во земјава.
Во меѓувреме, Авто мото сојузот соопшти дека е нормализиран сообраќајот на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, како и на магистралниот пат Скопје – Блаце и обиколницата од клучка Орман до клучка Мирковци, кои вчера беа затворени поради пожарите.
Надлежните апелираат на крајна внимателност и соодветно однесување во природа, за да се спречат нови пожари.
КОЈА Е НОВАТА ДЕВОЈКА НА БАКА ПРАСЕ? Работела во ресторан, студира тежок факултет! (ФОТО)
ИНСТАГРАМОТ НА КАРЛЕУША ПОВТОРНО ИЗБРИШАН!
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ВРЕМЕСКА БОМБА ЗА ПОНЕДЕЛНИК! — 30 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ: ЖЕШКО, СТИЛСКО И СО ПРИВРЕМЕНИ ДОЖДОВИ!
ХОРОСКОП ЗА 30 ЈУНИ, ПОНЕДЕЛНИК! НОВА МОЖНОСТ ВО ЖИВОТОТ НА РАКОТ ОВА ЛЕТО!
МАРКО ТАСЕВСКИ ИНДИГО: „НЕ МОЖЕ ДА ЗГРЕШИ НЕКОЈ ШТО ЗНАЕ ДА ЦРТА!“ (ВИДЕО)
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!
К.М.