Пожар во Кочани: Изгореа три автобуси и едно комбе во близина на бензинска пумпа во Оризари!
Пожар во Кочани: Изгореа три автобуси и едно комбе во близина на бензинска пумпа во Оризари!
фото:принтскрин/кочаниновости
Голем пожар ја вознемири јавноста ноќеска во Кочани, кога околу 02:30 часот по полноќ избувнал огнен пламен што зафатил три автобуси и едно комбе, сопственост на приватна фирма. Инцидентот се случил во близина на бензинска пумпа во населбата Оризари, потврдуваат од СВР Штип.
Благодарение на навремената реакција на Територијалната противпожарна единица од Штип, пожарот бил успешно локализиран и изгаснат пред да се прошири и предизвика уште поголема штета. За среќа, нема повредени лица.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека денеска увидна екипа од ОВР Кочани ќе изврши детална истрага на местото на настанот, со цел да се утврдат причините за пожарот и висината на материјалната штета.
Истрагата е во тек, а повеќе информации се очекуваат во текот на денот.
Пожар во Кочани: Изгореа три автобуси и едно комбе во близина на бензинска пумпа во Оризари!
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!