ПОВРЕДЕНИТЕ ОД ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ ЌЕ СЕ РЕХАБИЛИТИРААТ НА ПОНИКВА – ВО ФУНКЦИЈА СТАВЕН СПЕЦИЈАЛЕН ТЕЛЕФОН ЗА ПОМОШ!
ПОВРЕДЕНИТЕ ОД ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ ЌЕ СЕ РЕХАБИЛИТИРААТ НА ПОНИКВА – ВО ФУНКЦИЈА СТАВЕН СПЕЦИЈАЛЕН ТЕЛЕФОН ЗА ПОМОШ!
ПОВРЕДЕНИТЕ ОД ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ ЌЕ СЕ РЕХАБИЛИТИРААТ НА ПОНИКВА!
Владата денеска соопшти дека во функција е ставена телефонска линија за сите повредени и нивните семејства по трагедијата во Кочани. Граѓаните ќе можат директно да се јават и да ги искажат своите потреби, предлози и барања.
Фото: ХYПЕ МК
Бројот 070/355-526 е јавно достапен и управуван од Канцеларијата на претседателот на Владата.
– „Никој нема да биде заборавен. Наш приоритет е сите повредени да добијат соодветна медицинска нега и целосна рехабилитација, за повторно да го вратат својот живот во нормала“, порачаа од Владата.
Како дел од мерките, на претстојната владина седница ќе биде донесена одлука одморалиштето Пониква, кое е во сопственост на Министерството за внатрешни работи, да се отстапи на Министерството за здравство.
Пониква ќе стане рехабилитациски центар за повредените кои се во стабилна состојба, но имаат потреба од понатамошно лекување и нега. Објектот располага со 27 соби и 56 легла, а ќе биде ангажиран и дополнителен медицински кадар.
– „Ова значи дека сите повредени граѓани ќе имаат пристап до континуирана здравствена грижа. Како Влада сме целосно фокусирани на хуманоста и грижата за секој поединец“, се наведува во соопштението.
Дополнително, од Владата упатија апел до политичките партии да се воздржат од, како што велат, „политичка некрофилија“ и да дозволат институциите професионално да го водат случајот.
– „Секој што е инволвиран ќе одговара – без оглед на неговиот статус или политичка припадност. Нема недопирливи. Правдата доаѓа, а државата е на патот на вистинските промени“, порачаа од Владата.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.