ПОВРЕДЕНИТЕ ОД „ПУЛС“ СО ЈАВЕН АПЕЛ: ЗАГРИЖЕНОСТ ПОРАДИ НАЈАВЕНОТО ЗАМИНУВАЊЕ НА ДОКТОРКА КАТЕ ОД БОЛНИЦАТА ВО КОЧАНИ!
ПОВРЕДЕНИТЕ ОД „ПУЛС“ СО ЈАВЕН АПЕЛ: ЗАГРИЖЕНОСТ ПОРАДИ НАЈАВЕНОТО ЗАМИНУВАЊЕ НА ДОКТОРКА КАТЕ ОД БОЛНИЦАТА ВО КОЧАНИ!
ПОВРЕДЕНИТЕ ОД „ПУЛС“ СО ЈАВЕН АПЕЛ!
Лицата кои беа повредени во трагичниот пожар во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани, преку писмено обраќање до јавноста, изразија сериозна загриженост поради најавеното заминување на докторката Катерина Паниќ – нивна главна поддршка и водич низ целиот процес на лекување и опоравување.
Фото: ХYПЕ МК
Во обраќањето тие наведуваат:
– Се чувствуваме должни и обврзани да ѝ се обратиме на јавноста поради длабоко вознемирувачка и важна промена во нашето здравствено лекување. Од понеделник, 1 јуни, докторката Катерина Паниќ, позната на сите нас како докторка Кате, повеќе нема да биде дел од тимот на ЈЗУ Општата болница – Кочани. Таа се сели во друга здравствена установа, иако за нас таа е незаменлива. Сè уште не сме информирани кој ќе ја наследи и каков ќе биде понатамошниот пристап кон нашата нега – стои во писмото од повредените.
Тие потенцираат дека ваквата ситуација создава чувство на страв, неизвесност и напуштеност од страна на државата.
– Вистината е – не знаеме што нè чека утре. Никој не ни кажува кој ќе дојде после неа или како ќе изгледа нашата понатамошна грижа. Се прашуваме: дали повторно ќе останеме сами? Не е исто кога некој само ја пополнува смената и кога некој навистина се грижи. Докторка Кате беше повеќе од лекар – беше наша надеж, стабилност и човек кој ни врати верата во здравството. Начинот на кој ни пристапуваше, со човечност и целосна посветеност, не може да се замени. Таа ни влеа доверба која не се стекнува лесно кога се поминува низ траума и неизвесност – велат повредените.
Од страна на Општата болница во Кочани е појаснето дека докторката Паниќ уште на почетокот од годината поднела лично барање за раскин на работниот однос, поради нов ангажман во градската болница „8 Септември“ во Скопје.
Решението за нејзиното прераспределување било потпишано од поранешниот министер за здравство, Арбен Таравари. Но, неговиот заменик, Јовица Андовски, ја запрел реализацијата на одлуката, овозможувајќи докторката да остане во Кочани сè додека постои потреба од нејзината медицинска грижа.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.