ПОТОНА ГРЧКИ БРОД ВО ЦРВЕНОТО МОРЕ: 14 ЛИЦА СЕ ВОДАТ КАКО ИСЧЕЗНАТИ, ИМА ЗАГИНАТИ – СОМНЕЖИТЕ ВОДАТ САМО КОН ЕДНО…
ПОТОНА ГРЧКИ БРОД ВО ЦРВЕНОТО МОРЕ: 14 ЛИЦА СЕ ВОДАТ КАКО ИСЧЕЗНАТИ, ИМА ЗАГИНАТИ – СОМНЕЖИТЕ ВОДАТ САМО КОН ЕДНО…
Грчкиот товарен брод „Етернити C“ потона во Црвеното Море по извршен напад, при што се стравува дека зад нападот стојат Хутите од Јемен.
фото: принсcреен/x/срyанбруенпхото
Четворица од вкупно 25 членови на екипажот загинале пред останатите да го напуштат бродот, кој потонал во средата наутро, по нападите што се случиле во понеделникот и вторникот, пренесе „Ројтерс“.
Спасувачките екипи денеска извлекле седум преживеани членови од екипажот, додека 14 лица сè уште се водат како исчезнати. Екипажот поминал повеќе од 24 часа во вода пред да биде спасен.
Меѓу членовите имало 21 државјанин на Филипини, еден Русин и тројца вооружени чувари – меѓу кои еден Грк и еден Индиец. Еден од спасените е токму индискиот чувар.
ПОТОНА ГРЧКИ БРОД ВО ЦРВЕНОТО МОРЕ!
Бродот „Етернити C“, кој пловел под либериско знаме, бил нападнат во понеделникот попладне со поморски дронови и ракетни гранати испукани од глисери. Нападот ги уништил чамците за спасување, а бродот претрпел сериозни оштетувања. По вториот напад во вторникот, бродот се накривил и потонал.
Нападите на бродови во овој регион, според извори, се поврзуваат со милитантните групи на Хутите, кои изјавија дека ги напаѓаат трговските бродови во знак на солидарност со Палестинците.
Ова е втор напад во последните два дена, по нападот врз бродот „Магиcал Сеа“, кој исто така потона, но целокупниот екипаж бил спасен.
14 ЛИЦА СЕ ВОДАТ КАКО ИСЧЕЗНАТИ, ИМА ЗАГИНАТИ!
Нападите врз бродови во Црвеното Море зачестија од ноември 2023 година, откако Хутите почнаа да таргетираат пловни објекти во овој стратешки важен морски коридор.
Грчките власти моментално водат преговори со Саудиска Арабија за решавање на последниот инцидент, додека се стравува дека дел од екипажот кој скокнал во морето можеби бил киднапиран од страна на Хутите.
Црвеното Море претставува клучна морска рута за транспорт на нафта и друга стока.
БОНУС ВИДЕО!
КОЈА Е НОВАТА ДЕВОЈКА НА БАКА ПРАСЕ? Работела во ресторан, студира тежок факултет! (ФОТО)
ИНСТАГРАМОТ НА КАРЛЕУША ПОВТОРНО ИЗБРИШАН!
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ВРЕМЕСКА БОМБА ЗА ПОНЕДЕЛНИК! — 30 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ: ЖЕШКО, СТИЛСКО И СО ПРИВРЕМЕНИ ДОЖДОВИ!
ХОРОСКОП ЗА 30 ЈУНИ, ПОНЕДЕЛНИК! НОВА МОЖНОСТ ВО ЖИВОТОТ НА РАКОТ ОВА ЛЕТО!
МАРКО ТАСЕВСКИ ИНДИГО: „НЕ МОЖЕ ДА ЗГРЕШИ НЕКОЈ ШТО ЗНАЕ ДА ЦРТА!“ (ВИДЕО)
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.