ПОСЛЕ ДЕЦЕНИИ ЧЕКАЊЕ: ЕВЕ КОГА ЌЕ БИДЕ ГОТОВА НОВАТА УНИВЕРЗАЛНА САЛА!
ПОСЛЕ ДЕЦЕНИИ ЧЕКАЊЕ: ЕВЕ КОГА ЌЕ БИДЕ ГОТОВА НОВАТА УНИВЕРЗАЛНА САЛА!
До крајот на 2027 година, Скопје конечно ќе ја добие новата Универзална сала. Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, информираше дека до петок ќе биде објавен јавниот повик за реконструкција на објектот, а градежните работи би почнале веднаш по завршување на тендерската постапка – најверојатно кон крајот на септември.
Фото/ Википедиа.орг
Министерството за култура и туризам е инвеститор во проектот, но сопственоста на салата останува кај Град Скопје.
„До крајот на неделата распишуваме јавна набавка. Процедурата трае околу 60 дена, по што започнуваме со реконструкцијата. Очекуваме до крајот на септември да ги отвориме понудите и веднаш потоа да почнеме со градежните зафати. Во согласност со буџетската динамика, проектот треба да биде завршен до крајот на 2027 година“, изјави Љутков, додавајќи дека за реконструкцијата се предвидени 20 милиони евра, распределени во текот на три години.
Целта е Универзалната сала да биде подготвена за манифестацијата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, каде што ќе се одржуваат бројни културни настани.
ПОСЛЕ ДЕЦЕНИИ ЧЕКАЊЕ: ЕВЕ КОГА ЌЕ БИДЕ ГОТОВА НОВАТА УНИВЕРЗАЛНА САЛА!
Љутков појасни дека Министерството веќе работи на изградба на седум мултифункционални објекти низ Скопје, кои ќе понудат адекватен простор за програмите од „Скопје 2028“, иако не се дел од официјалната програма на проектот.
И покрај тоа што Град Скопје е главен носител на проектот, Министерството активно помага со ресурси и координација. По негово инсистирање, е формирано координативно тело со 13 членови – 10 од Град Скопје и тројца предложени од Министерството. Телото веќе одржало неколку состаноци, но Љутков нагласи дека не сака да зборува во име на градските власти.
„Проектот веќе доцни две години. До јануари оваа година, целиот процес беше целосно блокиран. Побарав од градоначалничката да се формира координативно тело, за да не ја загубиме титулата од Европската комисија“, изјави министерот.
Тој дополни дека Град Скопје се има обврзано да вложи 25 милиони евра, но сè уште не е потпишан документ за точната сума што Министерството за култура би ја вложило во манифестацијата.
Љутков посочи дека претходната министерка ветила вкупна инвестиција од 120 милиони евра од страна на Министерството, но документот немал официјален потпис. Со 25 милиони евра од Град Скопје, вкупната инвестиција требало да изнесува 145 милиони евра.
„Дури и Европската комисија ни укажа дека таква бројка е нереална – досега ниеден град не инвестирал толку средства во проектот Европска престолнина на културата“, рече Љутков.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.