Поранешниот ја тепал, а сегашниот се лекувал од алкохол: Пејачката проговори за тешките животни периоди!
Поранешниот партер ја тепал, а сегашниот се лекувал од алкохол: Пејачката проговори за тешките животни периоди!
Анабела за тешките животни периоди
Пејачката Анабела Атијас не може да се пофали дека животот ја галел. Освен што поминала низ агонија во детството и тинејџерските години, таа не беше поштедена ни во брачниот живот.
фото: хyпетв
Имено, Анабела пораснала како осамена девојчица, за што има зборувано во неколку наврати, а на дваесетгодишна возраст ѝ бил дијагностициран рак.
Подоцна, нејзиниот живот тргнал по подобар пат – започнала да се занимава со музика и стекнала голема популарност, но од друга страна, животот со нејзиниот прв сопруг, Гаѓи Џогани, не бил ни приближно идеален.
Атијас во една прилика открила дека имало семејно насилство.

– Ме тепаше на настап, ми удираше шамари пред други пејачи. Еве, Иван Гавриловиќ може да го потврди тоа, и Др. Иги беше таму и виде сè – раскажала пејачката.
По разводот од денсерот, влегла во романса со Андреј Атијас, кој по неколку години брак завршил на лекување од алкохолизам.
Поранешниот партер ја тепал, а сегашниот се лекувал од алкохол!
– О, одамна беше, престанав да бројам, но беше многу пати. И со новиот партнер истото. Кај мене ништо не се менува, сè е по старо. Но, човекот се излечи, сакаше да се напие, а сега тоа повеќе не го прави. Навистина стана друга личност и не можам да не бидам среќна кога некој се одлучува на толку голем чекор – откри тогаш Анабела.
СЕ ГАСАТ „ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД“?! Дојде ли крајот на НАМЕСТЕНОТО ТАЛЕНТ-ШОУ?
Иако поминала низ многу маки во животот, Анабела оставила сè тоа зад себе и денес зрачи со позитивна енергија. Неодамна наполни 50 години, а многумина не веруваат во тоа, бидејќи изгледа барем десет години помладо.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.