Поранешна девојка на Пи Диди била принудена на врска со раперот и уште тројца мажи!
Поранешна девојка на Пи Диди била принудена на врска со раперот и уште тројца мажи!
Ова е нејзино петто појавување на суд, а за време на нејзиното сведочење таа ја опиша емоционалната и физичката динамика на нивната врска, за која вели дека вклучувала манипулација, принуда и експлоатација.
Во еден од опишаните инциденти, таа тврди дека поминала три дена заклучена во хотелска соба со Диди и уште тројца мажи.
Веднаш потоа, преку социјалните мрежи дознала дека Диди отишла на луксузен одмор со друга жена, што длабоко ја повредило. Чувствувала дека е искористена и, како што наведува, му дала ултиматум – или да го прекине одморот со другата жена, или да не очекува ништо повеќе од неа.
фото:абцневс
Иако не биле интимни два месеци, повторната средба во хотелската соба била пресвртница.
Поранешната партнерка на познатиот рапер, како сведок во суд истакнала и дека во тој момент не била подготвена за никаков контакт, но дека не сакала да го предизвика гневот на Диди.
Се чувствувала, како што вели, под притисок и принудена да му угоди, иако тоа не била нејзина желба.
– Секој вид наклонетост што ја добив од Шон во тој момент од мојот живот, ја добив со раширени раце – рекла таа.
Инаку, познатиот рапер и продуцент Шон Комбс или Пи Диди моментално се соочува со голем број сериозни обвиненија, вклучувајќи заговор за рекетирање, трговија со луѓе со сила и принуда и транспорт со цел проституција.
Тој беше уапсен во септември и секојдневно категорично ги негира сите обвиненија против него.
Поранешна девојка на Пи Диди била принудена на врска со раперот и уште тројца мажи!
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!