Поранешен голман на Реал за Роналдо: „Тој е феномен, даруваше подароци и на работниците во клубот“
Поранешен голман на Реал за Роналдо: „Тој е феномен, даруваше подароци и на работниците во клубот!“
фото:спортмк
Кристијано Роналдо помина девет незаборавни години во Реал Мадрид, каде не само што ги собори сите рекорди, туку се истакна и како човек со големо срце. Поранешниот голман на Реал, Кико Касиља, откри дека Португалецот често делел подароци не само на соиграчите, туку и на работниците во клубот.
„Тој е феномен, надчовечка личност која му помага дури и на последното дете во младинскиот погон“, вели Касиља. Според него, најдобриот пример е од претсезонските подготовки во САД, кога Роналдо им купил „Ајфон“ и „Епл Воч“ на сите работници, физиотерапевти и останат персонал во клубот.
„Роналдо никогаш не се фалеше со тоа, ниту еднаш не изјави дека им дал подароци на вработените – тоа за него го зборуваат другите“, додава Касиља, истакнувајќи го човечкото лице на еден од најголемите фудбалери на сите времиња.
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!