ПОРАКА ШТО ЌЕ ВЕ НАТЕРА ДА ЗАПЛАЧЕТЕ: Последните зборови на Бењамин Спаховиќ упатени до ќерката (ФОТО)
Последните зборови на Бењамин Спаховиќ упатени до ќерката
Фото: Принтскрин Јутјуб/parovi
Бењамин Спаховиќ, поранешен реалити учесник и ММА борец од Сараево, почина денеска на Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, откако неколку дена се бореше за живот поради тешките повреди здобиени во сообраќајна несреќа.
Несреќата се случила на 26 мај на улицата Терезија во Сараево, кога како мотоциклист доживеал сериозен судир.
Фото: Јутјуб принтскрин / parovi
Спаховиќ беше познат на пошироката јавност не само по учеството во реалити програми, туку и како брат на Томислав Спаховиќ, еден од најпознатите ММА борци од просторот на поранешна Југославија. Неговиот живот беше обележан со контроверзии – и во приватниот и во јавниот живот – од медиумски проследени љубовни афери до сериозни судски процеси.
И покрај турбулентниот живот, Бењамин никогаш не ја криел љубовта кон својата ќерка Реина, која ја имаше со својата поранешна сопруга.
Последните зборови на Бењамин Спаховиќ упатени до ќерката
Неговите објави на социјалните мрежи често ѝ беа посветени токму на неа, а последната што ја објави има особено емотивна тежина денес, по веста за неговата смрт.
На фотографијата со ќерката, Спаховиќ напишал:
Бењамин Спаховиќ со ќерката / Извор: Инстаграм принтскрин/bspahovic
– Животе мој, за тебе секогаш ќе бидам тука.
Овие зборови денес добиваат особено емотивно значење.

Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!



