„ПОРАДИ ФАРМЕРКИТЕ ЗАВРШИВ ВО ИТНА ПОМОШ“ Девојка го пробала познатиот трик, се фалела на сите, па брзо зажалила – еве што ѝ се СЛУЧИЛО, ШОК!
„ПОРАДИ ФАРМЕРКИТЕ ЗАВРШИВ ВО ИТНА ПОМОШ“ Девојка го пробала познатиот трик, се фалела на сите, па брзо зажалила – еве што ѝ се СЛУЧИЛО, ШОК!
Девојка поради фармерки заврши во итна помош
Многу трикови кои ги среќаваме на интернет се генијални бидејќи ни помагаат без мака да решиме комплицирани животни предизвици. Но некои од нив можат да бидат целосно бескорисни, па дури и ризични по нашето здравје.
Фото: Пиxабаy
Познатиот трик што со години кружи по мрежите се заснова на лесна проценка на големината на фармерки без пробување – само треба горниот дел од фармерките да го ставите околу вратот, бидејќи тој наводно одговара на обемот на колковите.
Иако овој трик изгледа практичен, не е безопасен – што го покажа и ТикТок инфлуенсерката Мег Диенџелис (мегсдеангелис), која на 9 јуни објави видео каде што откри дека трикот ја испратил директно во болница.
Не ни знаела што се случува
Меган почнала објаснувајќи дека нејзината приказна е предупредување и извинување до следбениците бидејќи не само што учествувала во трендот, туку и ги поттикнувала другите да го пробаат.
„Пред недела дена се туширав и кога се миев зад ушите, приметив неколку точки. Помислив дека можеби не сум го исплакнала шампонот целосно. Чувствував како убод од комарец“, рече Мег.
Следното утро почувствувала уште неколку и почнала да се прашува дали е нешто од козметиката – но користела исти производи веќе пет години. Ни со косата ништо ново, ниту со постелнината, ниту имала стрес.
Трикот бил виновен
Кога ги исклучила сите други причини, помислила дека можеби е од накитот – но и тоа не било. Осипот продолжил, дури и кога отпатувала во Лос Анџелес.
Сè се променило кога го видела своето видео на ТикТок – видеото каде што го пробуваше трикот со фармерките околу вратот.
„Докторот веднаш ми рече: ‘Да, тоа е тоа.’ Тогаш разбрав дека тоа е единственото што можело да предизвика таква реакција. Верувале или не, поради тој потег веројатно добив некоја инфекција“, вели таа.
@мегсдеангелис
тхис тоок а тwист 💔 стилл пале yалл
Докторот бил збунет
Со антибиотик и кремата што ѝ ја препишал, состојбата почнала да се повлекува, но докторот всушност не знаел точно што било.
„Мислев дека се акни. Ве молам, ако ви се појави нешто слично одеднаш, не чекајте – одете на лекар“, апелираше Мег.
На крај објави дека ќе го избрише видеото за никој да не ја направи истата грешка.
„И уште нешто – ако не ја перете облеката кога ќе се вратите дома, размислете двапати. Овој тренд беше опасен и сакав да ви се извинам. Не го пробувајте. Дури и читајќи ги коментарите, видов некои прашаа: ‘Дали ова е тоа?’ Да, тоа беше причината.“
Многу гледачи ѝ се заблагодарија на Мег за искреноста и ја пофалија што ја призна грешката.
@мегсдеангелис
ит’с cоммон сенсе И феар
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!