„ПОРАДИ ФАРМЕРКИТЕ ЗАВРШИВ ВО ИТНА ПОМОШ“ — Девојка го пробала познатиот трик, им се фалела на сите, па зажалила: еве што ѝ се СЛУЧИЛО!
„ПОРАДИ ФАРМЕРКИТЕ ЗАВРШИВ ВО ИТНА ПОМОШ“ — Девојка го пробала познатиот трик, им се фалела на сите, па зажалила: еве што ѝ се СЛУЧИЛО!
Многу трикови кои ги среќаваме на интернет се навистина генијални, бидејќи ни помагаат без мака да ги решиме секојдневните предизвици. Сепак, некои од нив може да бидат сосема бескорисни, па дури и ризични по нашето здравје.
Фото: Пиxабаy
„ПОРАДИ ФАРМЕРКИТЕ ЗАВРШИВ ВО ИТНА ПОМОШ“
Еден одамна познат трик кој кружи низ социјалните мрежи вели дека лесно може да се одреди дали пар фармерки ви одговара, без да ги облечете. Сè што треба е да го ставите горниот дел од фармерките околу вратот, бидејќи тој, наводно, одговара на обемот на колковите.
Иако овој трик изгледа практичен, не е сосема безопасен — тоа го покажа и ТикТок инфлуенсерката Мег ДиАнџелис (под корисничкото име „мегсдеангелис“), која на 9 јуни, во видео објавено на платформата, откри дека токму овој трик ја одвел директно во болница.
Не знаела што се случува
@мегсдеангелис ит’с cоммон сенсе И феар
Мег започна со тоа дека нејзината приказна е и предупредување и извинување до нејзините следбеници, бидејќи не само што учествувала во трендот, туку и ги охрабрувала другите да го испробаат.
„Пред околу една недела се туширав и ми падна во очи неколку црвени точки зад ушите. Помислив: ‘Океј, можеби не сум го исплакнала шампонот како што треба.’ Чувството беше како да ме каснал комарец,“ раскажа таа.
Следното утро, додека се капела, почувствувала уште две-три нови точки. Се исплашила и почнала да размислува кои козметички производи ги користи. Проверила — се работело за истите три производи кои ги употребува веќе пет години.
„Во ред, тоа го исклучувам. Што е со производите за коса? И тие се истите две работи што ги користам со години. Постелнината не ми е нова, не сум под стрес,“ продолжи таа.
ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ: МЛАДА ДЕВОЈКА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО КАЗИНО!
Причината — трикот
Откако ги исклучила сите други можни причини, заклучила дека можеби проблемот е во накитот, бидејќи осипот започнал зад ушите.
„Размислував, проверив слики – не било тоа. Потоа отпатував во Лос Анџелес, а осипот сè уште се ширеше. Се вратив назад во мислите и денот не изгледаше ништо особено: бевме на пијалок, па шопинг, па гледавме натпревар на ’Никс’. Ништо необично,“ објасни Мег.
Сè се сменило кога влегла на ТикТок и го видела својот видео-клип каде го демонстрира токму овој трик — со тоа што ги ставила фармерките околу вратот за да го измерат обемот на колковите.
„Во ординацијата, докторот веднаш рече: ‘Да, тоа е тоа.’ И се чувствував како конечно да добив потврда, бидејќи тоа беше единственото нешто што можеше да предизвика таква реакција. Верувале или не, токму тој потег најверојатно ми предизвикал некаква инфекција,“ рече таа.
Дури и докторот беше збунет
Мег вели дека сега состојбата речиси поминала, благодарение на антибиотиците и кремата што ѝ ги препишал докторот, но лекарот всушност не бил сигурен што точно предизвикало реакцијата, бидејќи лековите биле за различни можни состојби.
„Ова е и порака до сите, затоа што јас бев во заблуда мислејќи дека станува збор само за акни. Ве молам, ако некогаш ви се појави нешто слично на акни и се развие за само неколку дена, веднаш одете во итна или кај лекар. Не го игнорирајте тоа,“ им порача Мег на своите гледачи.
Ивона Јо блеска во бикини по операцијата – заедно со Тамара уживаат во Грција!
На крајот, рече дека планира да го избрише видеото за да не ги доведе и другите во ризик.
„Исто така, ако не ја перете облеката кога ќе се вратите дома, ве молам, преиспитајте се. Овој тренд беше опасен и сакав да ви се извинам што помогнав да се прошири. Ве молам, немојте да го пробувате. Дури и коментарите под видеото — откако го објавив видеото со осипот — беа од типот: ’Дали е ова од фармерките?’ Да, тоа беше причината.“
Многу гледачи ѝ се заблагодарија за искреноста и ја пофалија за храброста да ја признае својата грешка.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.